мај
07

Со што го заслужив овој удар, драга моја? Премолчуваш. Правиш нешто за да не видам која си. Имаш повеќе лица. А сите твои лица, се моја казна. Мој немир. Одвнатре преплетени, сега драга моја, стојам во сржта на твојата лажливост. Ако ја допрам ќе се парчоса. Ако ја пресечам ќе се издиши, ќе се сплеска на подот. Ако ја премолчам.. што ако ја премолчам?
Како да ти кажам дека гледам која си? Како да ти кажам дека знам за сите твои лица? Дека сите твои лица кон една бездна водат. Како да ти кажам, а да не побегнеш, да не се осуетиш и не го затруеш она што и онака е веќе труло. Како да те предупредам дека гледам се, и знам се? Како да ти кажам, кога знам дека ќе ме напуштиш? Мене ме боли и вака и онака. Ме боли што наместо хумана, ти си драга моја, хормон што се движи. Ме боли тоа што се правиш невина, страшлива, слаба и кревка. Но кога ќе дојде нагонот на власт, ме забораваш и одиш. Во црн поход на темни искуства. Како да ти го кажам сево ова што го гледам а да не ме замразиш? Јас и онака те немам. Ништо не губам кога би ти кажала. Па сепак, не сакам да ти кажам дека си вообразен хормон, што не знае за љубов, што не знае за пријателство. Толку е необична таа разлика, таа бездна во која паѓаат нашите сенки. Исти сме ќе речеш. Но не е така. Разликата е огромна. Разликата е во верноста, посветеноста, љубовта и довербата, во жртвата и мудроста, во знаењето и одданоста. Кои ти ги немаш и не знаеш што тие значат. Знаеш само за твоите мали ништожни потреби, кои те принудуваат кукавички да се криеш во тајни лавиринти, да ствараш лица за секоја прилика, да се криеш пред мене што те сака и тврдоглаво да инсистираш на своите лични искуства. Оди драга моја, оди. Но знај, ги знам сите твои лица. Само за твојата празна шуплинка се грижиш, драга. Оди сега. И нема начин да ме здогледаш додека не ме доживееш. Од оваа страна на бездната, може само сенките да ни се преклопат. Ништо повеќе.

мај
03
Playgirl

Playgirl

Варта од ѕидовите се исуши. Воздух не остана. Јаглен се стори постелата под нас….
Времетраење, неколку мига вечност.
Откривам. Тело сум кое зборува со едно друго тело. Сексот во мене си зборува со сексот на оној кој ме полни, кој ми задал ритам па ме гони, по беспаќе темно на одвеан крај. Бескрај.
Откривам. Тело сум. И тоа има свој говор, своја потреба да проговори, своја потреба да се оживее. Тој ги зема соковите на тоа говорливо тело. Пие од таа чаша на сласта. Опсипува бакнежи, луди часови, неуморни неуморни се ритамот на моите воздишки и неговите чекори кон работ на креветот. Онаму каде што само рамениците ми се положени на чаршав мокар од страсти, а главата сосема надоле висната, како да и недостасува отклон, толку долго зборувала, мислела за сите нас, и за целото мое тело, сега маргинализирана, беспомошна виси на работ од креветот, празна од мисли, празна од сеќавања, празна од предавања, од совети од молитви, празна од саати зборувања, виси и се тресе во неговиот ритам.
Веќе доволно долго трае, да се појават доволно големи капки пот, насекаде, по телото. Но страста на разделени љубовници цел месец и половина, е од поинаков квалитет на онаа на верни сопружници што делат еден кревет. Трае и извира од табани. Се буди се повеќе. Неуморна е. Колку подолго трае толку подлабоко чувствувам: тело сум . Дојка и брадавица, набабрена кожа со наежавени влакненца по бедрата, навлажнети препони, пипала наместо прсти, јазик кој врти и врти по стремежите на еден осамен клиторис, врти и гледа во очите пред него, шумско животно, беспрекорен Ад, одземи све, ништо да не остане, ништо да не се врати назд. Има моменти кога страста е толку накострешена што едноставно се распрснува значењето на Името мое. Ме снемува. Потполно олеснета желба за постоење. Ме снемува. Во телото кое се поткрева во неговиот ритам. Ме има на сон. Ме има помеѓу две воздишки, ги има моите брадавици меѓу заби, ги има моите бедра меѓу своите, го има мојот збор од ветар, меѓу двете очи, видовито гледа, останувам тело. Кое сака да го снема. Пустина што сска безвучја на змиска снага. Гргор од праискуства, пражелби, да ме снема да ме снема. Во отклон да се дадам. Празна. Не своја. Негова да станам.
Веќе доволно долго трае, за да дојде оној момент, кога суштина некоја, од искона стара, почна да се разлева по собата наша. Протекува глас, од утроба снажен, повикан да дојде, онаму каде што родилка дете дава, во свет во живот. Тело сум, што протекува низ самото свое јадро. Има ѕвонка матрица, има танок глас, има вкус на лимонов сок, има одглас и вид во ѕвездено небо без облак, има негов здив, има огнен лик, има предаденост, восхит, рај…

мар
31
Тајната градина

Тајната градина

Моето писмо тука почна, на оваа клупа, со поглед кон овие води, темни, сини, во хоризонтот допрени со Другиот Свет.

Моето писмо е Црното писмо на Бела книга. Заводничко. Низ моиве жили таква крв тече. Во моиве колкови таква снага стои. На мојво грло такви зборови му лежат.

Тежината бара на лесното да натежне, да ја втисне. Вољата моли во мене да се ослободи. Тој во мене да се вклеса.

Станав она што од жена не се видело досега. Станав чардак ни на небо ни на земја. Преодно скалило, за другиот. Земјата ја изневерив, на небото недостојна, во средина останав. Скалило за преоѓање. Ни таму ни ваму. Непостојани јами во воздух. Глина во вода. Песок в куќи.

Бордел. Куќата со црвените светилки. На среде патот те пресретнува. Ќе ја одминеш, оти ако и` влезеш, нема да заминеш. Не сретнав жена што не го посака, не сретнав маж што го одмина. Познаваш ли жена, познаваш ли човек, што не би го предале Небото за една таква Земна работа?

А не е Земја и не е Небо. Нешто помеѓу е, чардаков мој со црвени светилки.

мар
31
Eros & Psyche

Eros & Psyche

Позади прегратката телото што ја раѓа, стои прегратката душата што ја раѓа, која со душа ја повикува Душата.
Прекрасни прегратки, посветени, оклултни и неискажливо нежни, чисти како молитва.
Саат време долги, и подолги, неговото присуство во неа, неговото разбирање за неа како дете, саат време долго, и подолго, нејзиното наткрилување над него која го носи како дете во своја утроба.
Безгранично разбирање на едниот од страна на другиот, трансцендентално воздигнување на едниот со помош на другиот.
Овде ја нема оргазмичката разбурканост; не затоа што е уништена, туку едноставно затоа што не е посакувана, затоа што таа е позади сето тоа смирена, отворена среќа; величенствени води, пловат по широките канали, нема беснило, нема превртување .
Овде хармонијата премногу е слатка да би се појавило насилство, осмозата помеѓу две души, ритмичното спојување, вовлекување, извлекување; песна без зборови; нема музика на еден божествен инструмент; симфонија на сексот, нервите, срцата, грлата и душите во единство.
Апсолутен мир, воочен рај, среќа која никогаш не разочарува, која ги надминува сите посакувања, која едноставно не може да се опише.
Неискажлива љубов, инспирација за мозокот, енергија за мускулите, просветлување на цртите на лицето, лекување на телото, душевно изразување.
Духовна измена на сексот; машкоста при нејзиното изразување, женскоста при неговото примање, позитивно и негативно разменување на вољата.
Духовно раѓање на сексот; оплодување на едниот со помош на другиот со предрасни мисли, божествени соништа, високи надежи, возвишени амбиции, чисти копнежи, видовити визии, колевка на генијот.
Предавање еден на друг до последниот импулс на благословот, примање еден од друг до последниот нерв во телото, до последната профинета нит духовност.
Наместо пропратен со малаксаност, пропратен со денови на генијот, со чисти и возвишени визии, со полетно и весело здравје;
Зарем тоа не е вистината над сите вистини? Еднаш се вака прочистени, споени, душа во душа, партнерите се засекогаш венчани!
Прегратка на врвното изразување, и прочистување и оживување. Онаа која повторно го буди божественото во човека.
Тоа не е возможно, освен за чистите, поетичните, вистинити и невини љубовници, кои си одговараат и оние кои се ослободени. На оние двајца чии души и тела се посветени. На оние за кои оваа партнерска врска е како религиозен обред на посветените.
Прегратка на космичките души, ангелите-пријатели на своето небо.
Не го замислувајте сево ова, драги пријатели! Тоа не е само поетична метафора!
Сум доживеал многу, многу такви прегратки, и стотици други доживеале, и секој човек некогаш, во некој живот, ќе ја доживее.
Ова е среќата и вистината. Среќа над сите среќи, и вистина над сите вистини!

*Предговор од Karezza Metoda – Вилијам Лојд (William Lloyd)

мар
29

Женска беспрекорност или: Фантазијата на секоја девојка
(мајка, курва, љубовница, домаќинка, слугинка, вештица, мудра, принцеза, разиграно девојче, идеална, мртва сакана….)

Плеј: ____________________________________________________________________________
Денс: ____________________________________________________________________________
Спик: ____________________________________________________________________________
Спел: ____________________________________________________________________________

….
Интелектуалката се запрашува секојдневно.
Мислиш дека си светица, нежно суштество трепетливо како бела ружа на светлост од зајдисонце? Дека си кршлива и слаба? Дека си цвет што би се скршил на навев од ветровите? Мислиш дека си блага? Дека си добра? Дека си корисна за околината? Дека помагаш? Мислиш дека си му потребна, на скршеното срце, на изневерената надеж, на плашливата промисла? Мислиш дека можеш да го разбереш светот само ако имаш доволно љубов? Зарем не, тоа е сё што е потребно?
Зошто тогаш има дихотомии?
Интелектуалката е онаа која го чувствува товарот на скршениот однос помеѓу културата и природата. Благородниот дивјак е оној кој би можел да ја утеши.
……
Јуда е онаа која постојано го чувствува притисокот на повисоката Божја природа во себе, која ја повикува да се откаже од ситните мали доминации над нечие вљубено срце, или нечија несакана слабост и да се предаде на љубовта! Да се предаде! Нема пострашно нешто од тоа да го предаде здравиот разум и материјализмот за заносот на вљубеноста. Јуда е таа која попрво ќе го предаде повисокото, Божественото во себе, отколку материјалната сигурност и здравиот разум. Монахот е нејзиниот грев и нејзиниот спас.
……
Идеалната е таа која постојано се труди да биде секому погодена. Има незаситна потреба да биде обожавана и почитувана. И во тој стремеж најмногу се плаши од помислата дека треба да биде автентична. Нема пострашно нешто од тоа да се соочи со вистината за себе.
Затоа со економистот зборува за економија, со спортистот се трка, со уметникот се вознесува, со негувателката сочуствува, болните ги лечи со љубов и совети за здравје, со другарите пуши и пие црвено вино, со духовниците медитира, со старите зборува за минатото, со научниците за иднината, со љубовникот за страста а со монахот за Бога. Бескрајна глума во театарот на невозвратеното внимание. Никогаш своја!
……
продолжува

мар
12

***Интро ***

Живеам во Депо веќе 13 години. Сам. Бев принуден да дојдам. Сега сум принуден да останам. Од Бирото за иселеници недопуштаат неправилности во изјавите. Еднаш, на самите почетоци, изјавив дека сум гневен на сопствената Влада и дека пребегнувам во странство поради нејзината намера да ме удостои со пранги на средновековен роб! Бирото ја препозна мојата природа на масовик и ги ограничи моите права. Далечната 2001.
Оттогаш работите навидум не се промениле многу. Навидум сум сеуште сам. И навидум сеуште имаат доживотно право да го контролираат моето движење, моето одлучување и мојата актвност, како жител, со привремен престој во нивната земја и осомничен за Владини нарушувања.
Навидум нештата не се промениле. Но во подземјето, онаму кадешто ртат корењата, на сечија, па дури и на кралската лоза, на благородната лоза, таму се разработи мојот кабинет. Една многу профинета, француска реч. Кабинетот е секундарно име за делницата која ги спојува Подземјето со Вечната Илегална Демонстрација. Тоа е протекторат на Лебарките (државните тајни службеници за дејствување на терен), но тоа е единствената легална институција преку која, ние како странски државјани, имаме право да се одгласуваме и да ги коментираме настаните кои не` засегаат. А верувајте дека не` засегаат. Затоа што е темно, и сиво, калливо и мокро, недоизградено, парталаво нашето секојдневие. Секојдневие на странци во Депо, без права на глас, без права на слобода на движење и без право на помилување.

Да се вратам на мојот кабинет. Изгледа онака како што би изгледал и сечиј друг кабинет, на човек осомничен за Владини нарушувања. Сомнително. Јас како негов управител се справувам најдоследно и најдобро што можам со сите потешкотии на една ваква сериозна, сеуште тивка битка. Го следам инстинктот, сфаќам брзо и елиминирам благовремено.
Мојата задача е да ги примам и регрутирам сите кои лесно може да налетаат на стапиците на Владините служби за доселеници или на оние нашите лебарки. Моето име е Маи и мојата улога е мајчинска грижа за поредокот на Новисот. Мојот став во однос на лебарките и сите други владини инструменти е цврст како стамена. Мојата топлина спроведена низ две соголени жици со струја е незаборавна. Бидете Подготвени! Ова е свет на измамнички амбиции и тука доселениците трагаат по својата карма на измамени .
Истовремено работам на отсранување на сите можни форми на лажните компромиси што им се нудат на новите доселеници. Новиси ги нарекуваме. Наивни и тазе пристигнати, тие се добра мета на службите, чија единствена цел е до срж да ја спроведат целосната интеграција во нивната земја, ама исто така и да го изедначат идентитетот, потеклото и разликите. Регрутацијата оди слабо и тешко. Нам ни е забранета комуникација со Матицата, а тоа Новисите сеуште не го знаат. Нивниот пекол штотуку започнува. Јас сум тој кој ќе ги спреми за првиот удар.
Живеам во подрум. Сонце речиси не гледам. Но тоа што тече низ моите струјни кола е незаборавна порака! Тие кои заборавија дека смеам и сакам да се движам слободно, мора да платат! Мора да се симнат на првиот кат од подземјето и да го посетат кабинетот на Маи!

***

фев
27
Eroticism

Eroticism

автор на текст: Ванета

фев
20

За ноќните мори

Се` е само лелеава маска
На пријателска скаска.
Се` додека не ги склопат очите,
Моите комшии, моите родители,
Моите колешки, моите уморители.
Перверзен и дволичен свет на страсти,
Во кој се претопуваме како алхемиско злато
Е светот кој го посакуваме!

Страв ми е да заспијам.

фев
11

Отпрвин мислев дека слобода е нешто што дефинитивно не обврзува. На пример: слободна љубов. Или слободно уживање во љубов. Но со време се покажа дека таа, љубовта, бара многу. Бара посветеност. Бара грижа. Слободно уживање во љубов бара многу повеќе труд и себе-жртва отколку што си замислував. Само една премолчена мисла, само една навидум непотреба лага, и слободата што ја имаме со мојот партнер се изгубила. Градите стегаат. Нема пролет. Нема песна. Нема радост. Границите ми се стесниле. Мислев дека уживам. Кога всушност – јас сум се заробила.

Скршена

Скршена

Не му кажав дека уживам во разговорите со новиот колега на работа. Па што? Тоа е непотребно да му го кажам. Тој не ми кажал дека приметил дека ги премолчувам разговорите за новиот колега на работа. Малку се засени небото. Градите се стегнале. Не сме повеќе истиот пар од пред неколку дена. Сомнеж го мачи неговиот здив. Совест го мачи мојот поглед. Не ми кажал дека кога стенкам го потсетувам на бившата девојка. Зарем тоа да ми го каже? Ќе го убијам, ќе полудам? Подобро да не ми кажува такви непотребни нешта. Не сум му кажала дека пред да заспијам се присетувам на ликот на мојата прва и голема љубов. Зарем тоа да му го кажам? Ќе ми се налути? Ќе ме замрази, и него и мене. Уште малку се стемни небото. Се повеќе е мрачно во домот што го створивме заедно. Желни за вистинска среќа, ама плашливи. Решивме да премолчуваме.
Неколку години покасно: не ми кажал дека ја поканил новата колешка на пијачка. Му се допаднала, нежна и руса, сосема спротивна на мојата темна природа, а таа го поканила на вечера. Не ми кажал. Неколку години покасно не сум му кажала дека кога бев на бања со мајка ми, на рехабилитација на колкот, уживав во масажите на масерот повеќе отколку со него во кревет. Зарем тоа се кажува? Па тоа е ужас! Тоа е крај на врската. Ќе ми ја тресне вратата пред нос, и нема да ми заборави никогаш. Па макар и да е само коментар.
Многу години покасно: не ми кажал дека му е досадно со мене. Дека би сакал, и често посакува да биде онака ведро и разиграно меѓу нас како на почетоците, пред 7 години. Не му кажувам дека ми недостасуваат неговите луцидни шеги на своја сметка, дека ми недостасува ведрината на неговото чело. Не ми кажува дека се сомнева во мојата верност. Не му кажувам дека се сомневам во неговата верност. Не ми кажува дека се плаши да ме напушти затоа што таа навика е посилна од поривот за нешто ново и свежо. Не му кажувам дека посакувам да го напуштам затоа што имам чувство дека ја загубив слободата. И дека не знам повеќе каде да ја барам.

Сега каде понатаму? Сум ја загубила слободата. А мислев дека ја имам. Сум го загубила партнерот. А сеуште спијам покрај него. Сум ја загубила слободата, сме ја загубиле љубовта, а не сме изустиле ниту збор. Како понатаму?

фев
11
Големата Врачарица

Големата Врачарица

Јуда во Кокино
На извор се изми и вода се напи, како срцето

Јуда имаше средба со неа. Со Големата Врачарица. Отиде при неа да си поприкажат, да го спротистават она што сака да ги уништи со она што сака да ги спаси.
Таа, Големата Врачарица знае. Она што е во тебе, ако го изразиш ќе те спаси. Она што е во тебе, ако не го изразиш, ќе те уништи. Така говореше Исус уште во дамнешни времиња. А Јуда љуби да ги слуша говорите на Исус.
Тогаш проба да и`објасни на Големата Врачарица, дека постои ангел кој го слуша ритамот на срцебиење, ги гледа нештата онакви какви што се и тие се случуваат. Тука, под милионите ѕвезди сведоци, Јуда и`открива на врачарицата дека нејзината неразбрана, уплашена женска природа, има вкус на портокал, ама облик на смрзната коцка мраз. Дека постојат предели во неа кои сака ама не знае да ги изрази и да ги покаже, убавини кои сеуште не добиле свое име.
Големата врачарица виде тогаш патувачки предел светлина, која зрачи, и не бледнее, и нема потреба да изневери или да се одмазди. Јуда има шанса! Да се ослободи од големата тежина на неверството.
Јуда тогаш слушна штурци што пеат, под небото посеано ѕвезди. Осети мирис на бор. Го виде бескрајот ветен на сонувачите.

јан
11
Закачениот

закачениот

Сенки на невиност претрчуваат,

Носат тежина, не потскокнуваат.

Носат порака од еден невин Ад.

Љубовиниците соголени,

Градниците разголени,

Веродостојници преобразени,

Во сенки, на еден невин Ад припаѓаат,

Обоени во жолто како кај Кафка,

Во бунило како кај Лорка,

Во бесрамна итрина, сестринска.

Обоени во страст, црвена ,долга

Веродостојници разголени минуваат.

Силувани потајно, истражени гласно,

Отворени ширум, Вистини изнудени страсно.

Сенките на еден Ад невин,

Не далеку слушнат, не видливо разбран,

Не осетно втиснат како грочлива рана,

Пространа.

Доверливи гласници на еден Ад невин

Моќници од прв ред му припаѓаат,

Наваму проаѓаат. Ништожни

Се приклонуваат. Ќе дотрајат,

Ќе ги снема. Како сенки

На еден друг свет. Невини.

јан
13

Jadransko more – Adriatic Sea

Ден некој, мислам среда… Се ближи август. Морето е преблизу, рамо до рамо со запарнината што се одвојува од вжештените стени.

Правам гаргара со обезглавените атоми боров парфем, кои толку суптилно и полека се спуштаат кон морскиот шум, што просто имам чувство се налепиле на мојата бронзена кожа, како иглички од бор, но наместо тоа, само нивниот опоен мирис. Меѓу гребените морам да се борам. Да го разбудам чувството за рамнотежа, но истовремено да не ја заборавам лежерноста на девојка која едноставно посакала да се фрли гола во брановите. Избодени од вечна сол, пробушени како меланж од мисловни именки, тие карпи со боја на бакар, бодат по сите нервни завршетоци на моите петици. Потпукнуваат како пуканки на оган, карпите меѓу свилените петици, кои набрзина, инстинктивно бараат прибежиште на карпеста мов, благ дом од трева која ги гали штотуку пробушените ножни прсти. Се прашувам што појасно слушам: неуморните штурци кои ја растураат немилосрдно својата летна жега насекаде, или речиси ангелското лулеење на сенишни жолти треви кои кријат булки од медитерански тип. Кријат и по некоја дива смоква. И по крај неа, некоја дива ѕвечарка. Што луто сска меѓу двете заби, и се наметнува доминантно над свирачката банда штурци. Или Морето?

Сепак солта, морето кое со блискост на брат и со ведрина на Сончево око, ми ги одзема и вниманието и гласот. Сета сум негова. Ете сега во овој момент, пред да се фрлам во тиркизот наречен Вода, да се фрлам и да го стопам од моиве плеќи Сончевото пладне. Не можеш да и оддолееш на таа вода, на тоа Море. Замелушена од топлината на августовското сонце, влегувам во него како во сон. Бранови солена вода го разголуваат моето рамо, сосема природно, ме одвојуваат од мене самата.

Тоа Море, преосетливо е да се нарече Бог, преголемо да се нарече живо битие. Вода е. Во неа се случува преминот. Од еден жив облик во друг. Таа е жив творец на промени. Метаморфози, како кај Овидиј. Водата ги стрмоглавува во мене сите минати минути. Како на филмска лента, сите никаде отпечатени, силни, болни, екстатични и реални минути од животот. На една раздевичена девојка, пред солениот раствор на огромен Адриатски Бог. Ме одвртува со пречиста нота и ме навејува на вретено од морски алги, морски планктони и морски гребени. Насукана на нив, во светлина од Сонце кое заоѓа секогаш на истата срана, за жал, на онаа која од зад грб, прави телото да наликува на Сирена во портокалов сок, а однапред, без лик, навестува ѕвезди кои сеуште не се гледаат. Ниту на небото, ниту по моето тело. Ми го одзема правото на живот. И ми подарува среќа. Како да ми вели: еве, твоето тело е само форма. Прочисити се, па изрази се. Но во тоа навидум секавично прочистување, се одмотуваат генерации нечиста совест, лоши соништа, лажни желби, скриени мотиви, беспоштедни расправии, лоши чувства. Навидум секавично. Морето ја зема мојата навидум невиност, и ја калеми со кристалот. Иако август, го замрзнува ова тело, што било само форма, во слобода. Само капка од Морето. Само Ангел меѓу Божици. Само денгуба меѓу умислени Големини.

Телото мое и телото Негово. Сега само Едно. Видно бранување. Во Море од бранови. Прочистена.

Можам да излезам. А можам и засекогаш да потонам, да се слеам со другите бранови на тој моќен Адриатски Бог. Сеедно е. И штом сеедно ми стана. Сеедно остана.

И чисто. Обновено летно постоење.

јан
22
brown_petrified_eyes

Brown-Petrified-Eyes

Уморна.

Сенките се кафено-златни.

Ветерот шушка како постојан заморен звук.

Тоа е само ветре, шушка меѓу мислите.

Тоа е само книга.

Прано читав,

сега имам време. Од мисли составено,

жолтеникави сурогати  на децениите доследност.

Шумлив поглед на една друга Реалност.

Став? Или предрасуда?

Порано доследноста ја одмерував меѓу букви,

ја барав. Тоа беше игра.

Некое скоро неодминливо чувство,

дека светот е Предавство на светот на буквите,

дека некој, божем Хермес,

Меѓу два света – доследноста мора да ја пренесува.

И да ја сочува.

Здрава.

Добра.

Корисна…беше играта.

Милувана, траеше како цвет на карпа. Таа игра.

Од мали стракови. Сосема мали зрна доследност.

Кога Дивата и Божественото милуваа да се јават.

Понекогаш…

Порано.

јан
22

http://vaneta.blog.mk/za-maca/

јан
24
atom_heart_mother

Чуда на небото

Vjerojatno i moguće
Moguće je vjerojatno. Ali tajnovito. Pa ga se bojimo i nadamo se da je to samo maštarija koja brzo ispari, kao maglica nad jezerom.
„Vjerojatno“ je zahtjev kojeg nam srce diktira. Ko umije slušati srce svoje, taj od vjerojatnih mogućnosti svog života radi čuda.
„Čudo“ je realnost u kojoj svatko od nas živi. I ono što se čini da se događa prvi put, moguće je da se dogodilo već puno puta. Tako da su naši geni, naša praiskustva to dobro upamtili i samo produžuju duboko smišljeni cilj prema (ne)vjerojatnim čudima….

PS. се извинувам за погрешните падежи и слично, ама ете понекогаш мозокот ми работи на хрватски!
јан
25
кривини

кривини

Тантрички завои

(за сите завои кои деновиве ги ставив на себе, и за сите кривини кои ги извозев)

Мислиш дека љубиш?О да! Крвави завои обвиткани на твоите крвави рани! О ти! Која наоѓаш дека е лесно да левитираш над тантричката постела! Милиш дека мирот ќе ти донесе среќа а немирот несреќа? Чија ќерка си? На Пенелопа? На лудата жена која неуморно го везе својот животен призвук на разбој од рокенрол? Чија сага си ти? Персиско зло? Вешта на јазик, зеврзана со крвави завои ..рани на нечие туѓо минато. Сеќавање што го грабиш, само за да кажеш дека имаш име! Името ли е важно? Или расколот? Оној мисловен секојдневен раскол на признанија и вистини. Кажани во очи. Одслушани со почит. Доведени од непознати причини во непозната земја. Да се соочат со една иста приказна, за жената која посакува да каже: Го сакам овој живот! Го сакам како неизбрусен дијамант!

О ти! Која мислиш дека љубиш! Знаеш ли во мрак наглас да ги изговориш сите страшни мисли, сите потреби на Пасифаја, сите стремежи на Кирка, сите громогласни Горгони, сирени и хелиодроми? Знаеш ли да ги изговориш тие ТИЕ Тие мисли? Во мракот.. пред очите на ѕвездите кој светкаат невиден раскош. Знаеш ли? Чија сага си ти? Старогрчко вино. Заматен поглед што се гори на пенливи бранови од море. Само едно кратко сеќавање и повеќе не си мајка! Маќеа си! Само една насмевка на страна и повеќе не си сопруга. Курва си! Само една помисла кон него и не си повеќе Богиња. Демона си!

Ти која мислиш дека љубиш, затоа што така ти кажува Тој, кој е твој Бог, твој Татко и твој Отец, твоја Служба, Миса и Гергев, твоја Вечност, Глас и Мантра, твој Немир, Мир и Благослов. Тој ти вели: створена си за љубов. Љубовта е акт на воља. Вољата е акт на љубов. Ти која мислиш дека љубиш – колку ли денови ги носиш со себе крвавите завои? И зошто?

јан
26

Нестануваме,

Не’ нема горди. Пусти сме.

Не’ нема довечер.

Никнати божемски, стаписани.

Пред Западот каде нема ништо ново.

О клети! Оклеветени,

На пустина догорени,

Луѓе, или венец од луѓе,

Мислиш коров. Питаат:

Како ми е името? Кој ми беше зборот?

***

Нестварен народ,

Продаден за корка имот,

Пребиен за ситна пара,

Отфрлен, ни тука ни таму,

Обезимен, втиснат,

Меѓу двете очи. Знак.

Што старите го носат,

Но никој не ги прашува,

Што тој Знак ќе биде.

***

Не’ нема отиснати,

Не’ нема опстанати.

Вјасаме наназад. Мугри се:

Како ми е името?

Кој ми беше зборот?

фев
07

Повелете г-ѓо Стопанска Банка на телефон. Точно пред една година сте го слушнале овој глас по телефон! Неверојатно г-ѓо! Дури и за една банка каква што сум јас.

Кажете ми г-ѓо под кои услови би признале дека сте Јуда? Без камата, без ограничувања, ние сме тука да причекаме додека вие се одлучите. Веќе еднаш! Конечно! Да се дојде до вистината за Јуда која шета слободна, неказнета. Која љуби додека некој не и каже да престане да љуби. Јуда која ја брани својта женскост се додека некој не дојде и не ја прегази, по целото тело. Скроз, целосно не ја прегази.

за утре! Значи оставате за утре да се одлучите г-ѓо? Ќе презакажеме…

Мојот глас неодоливо се надополнува на вашата одлука, просто се слева….

фев
14

БЛОГЕРИ И БЛОГЕРКИ!
Срамота е да го будите својот инстинкт за коментирање и да говорите за вакви ситуции!
Зошто мора да се случи инцидент, за луѓето да почнат да размислуваат!

МИСЛЕТЕ СЛОБОДНО! Кој ве спречува да се борите за СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО? Ама не слободно од Шиптари или од Православци, туку слободно од НАМЕТНАТИ параметри за тоа: кој/а сум, кому припаѓам, и каде се движам. Во најопшта смисла на овие прашања!

Општеството во кое живееме е општество на Орвел! И сите вие тоа добро го знаете! а само кометирате тука многу јаки мислења. Интелектуални гомца намирисани со средства за освежување на воздухот!

фев
15

(прекин. Се уфрлува ТРЕТАТА. Бојата на сцена се менува! Станува темно црвена. Гласот, длабок алт, спротивен на нежниот сопран на љубовницата)

Таа(официјалната): Таа! Како ли дојде во нашиот свет? Зарем светот не е направен за двајца? Ах проклета да е ноќта кога сигурноста на брачниот живот, некој се сети да ја замени со интригите на светот однадвор. Адам ли беше тоа? Сигурно Ева била. Таа е позната по тоа што се досадува во Рајот, па сака да направи измени, да ризикува, па макар и да го скрши Единството, што со благослов ни беше дадено.

Таа дојде неочекувано, една обична скопска вечер, трепетлива како снег на сонце, разиграна како чоколадо под јазик, се прикри под насмевки од тривијални зборови на учтивост, ама празни. Ми го грабна!

Мажот мој, по класичното брачно сценарио само кажа дека сакал „само пријателства да шири“. Ах проклета да е вечерта кога го сторив и последниот обид се на старото место да се врати. Вечерта кога креветот во кој и онака сама спијам, го претворив во бордел од кошави ветришта на страста. Им ја отворив вратата ги викнав! Двајцата со мене да спијат! Но тоа што светот за двајца го смислил, никогаш не ќе успееме да го претвориме во нешто повеќе од електрицитет, во ладна струја само светлина што дава. Без топлина. Без оган. Но ете да речеме дека сакав да биде светло, искрено и чесно, помеѓу нас тројцата, љубовници. Се обидов да направиме нешто.

фев
16

мојот свет

мојот свет

Барањето на Македонија! Ете го, стегнат во еден повик, сонот на човештвото, расфрлано низ архипелагот на осаменото и разделеното живеење. Далеку од тоа да биде локалистички пренагласена метафора без покритие, овој повик – оглас на географската специфичност, дури и уникатност во светски рамки, наедно е и привилегирана формулација на менталното компаративно предимство на жителите на Македонија, во вкупната топографија на душата на светот. Македонија е конкретен противстав на императивот на себичноста на самотијата таа е, како чиста дарбина на поврзаноста со светот, директен демант на тезата за судбинската осаменост на човекот во овој и ваков свет.

Имено, подрачјето на фасцинантниот басен, познат како Медитеран, навистина стои „среде Земјата“. Во него се капат децата на Европа, на Азија, на Африка. По нешто, од секој Континент, стигнува до плажите и карпите, до ридовите и ’ртовите и на трите континенти. Не само жешкиот пустински ветер „хамсин“, туку и многубројни растенија, различни животни не само маслинките и смоквите, туку и големи, долги дождови не само гордиот бор, туку и остриот „северец“ – ги вкрстуваат патеките и го прелетуваат Средоземното Море, коешто, навидум засекогаш, ги разделило трите најголеми светски Копна: Европа, Африка, Азија!

Меѓутоа, Средоземјето, тоа вистинско „средиште на светот“, го има сопственото средиште-местото во кое трите големи осаменици, континентите, се среќаваат и се запознаваат. Местото во кое е одречена најстрашната клетва фрлена врз човекот – да живее во страв и осаменост! Македонија – центарот на средиштето на светот, е вистински во живо остварен амалгам на комуникација, посилен од растојанијата и амбисите што би да го оневозможат разговорот, ставајќи мегу лугето глуви празнини. Македонија е универзален еквивалент, толку гостољубив и погоден за живот што во него има место за сето она што дува, или врне, што расне или живее во Медитеранот – и сепак, доволно богата та своите ветрови, своите дождови, своите води, билките и птиците, да им ги подари на трите најголеми светски континенти. А толку јасна, толку своја, што на сè што ќе допре, му го дава сопствениот израз што не се брише, ниту заборава. Израз со кој, сè и сите, еднаш допрени, се разубавуваат и се гордеат.

(автор на текстот: ФЕРИД МУХИЌ)

фев
18

Зборувајте македонски

Зборувајте македонски

мар
07

Таа и тој во дијалог

Таа и Тој во Дијалог

Taa : горам од внатре.

Toj : говори од тебе само телесна недоумица. Тоа не е ништо повеќе од страст кон Сончев ден.

: те слушам со рбетот, те сонувам без престан, ти си како комета на поминување. А немаш крај. Цикличен си во моево тело.

: само гравитација, што се надоврзала на мојата попатна сенка, фрлена од Сонцето, Преместена од нагонот за движење, дофатлива, мала сенка со име. Ти ме нарекуваш Амон Ра. Некој друг поинаку.

: се преслушувам од внатре. Недофатлив си како струја, мој немир си. Моја ноќна авантура.

: ако сме се врзале во струјно коло, не значи дека сме се врзале напразно. Што е недофатливо, та не сме го запеале? Што е дијалог, та не сме го престориле во музика? Што е главно, што не сме го презреле? Која си ти, што на мене се врзуваш, како отпорник со вода, како проточник со човечко тело?

: се преслушувам од внатре. И горам од внатре. И нема крај, пределот на твојот Ум, и нема почеток тајната на мојата Љубов. Не знам дали сум врзана. Знам дека си втемелен. Во мојот рбет, во мојот ум.

: Тоа што го говориш е само игра на зборови. Никој не е подолг од траењето на една вистина. И никој не е укинат. Затоа што се’ се движи. Како музика, како звук и мисла. Ние прикачени се возиме. И овој пат. Како и секогаш, забавно е.

: љубовно е. Исто така.

: зошто да не. Само никогаш немој да се врзуваш.

: да ги срушам темелите?

: сруши ги!

: да ги срушам спомените?

: сруши ги!

: тебе да те уништам?

: уништи ме!

Кон светлото од мугри. Кон светлото.

….

мар
11

Отидовте денес со автомобилот ваш отровно метален до центар? Го паркиравте пред одвратното бетонско здание која си го нарекувате „на работа“? Му плативте данок на Грозоморниот Исцрпувач на Радоста? Ја испрскавте вашата совршено права коса со лак за коса? Ги погледнавте цвеќињата во вазна дали им фали вода? Го распарчивте лешот од теле или свиња со запчиња измиени со паста за заби Колгејт? Ја облепивте детската соба со тапети направени од отровни лепаци и бои? Наточивте бензин на новата бензиска 112 по ред во вашата населба? Го подишавте убавиот Скопски пролетен смог? Ја плативте сметката за интеренет?

НЕМАТЕ ДОВОЛНО ЉУБОВ ЗА ОВАА ПЛАНЕТА!

Бог нека е со луѓето, погодени од денешното Цунами во Јапонија! Бог нека е со сите несвесни луѓе! Не знам кој друг треба да е со луѓето, затоа што ние очигледно едни за други не сме.

Знаете што не направивте?

мар
15

http://vaneta.blog.mk/koncept-juda/Впишана во камен

Впишана во камен

мар
19

Уметноста ме уништи! Да не беше уметноста никогаш немаше ниту да помислам дека животот е нешто бескрајно. Нешто мистично и неразбирливо. Ќе бев спортистка. Ќе редев бесконечно незначајни резултати, кои единствено ги бележам јас во мојот измастен спортски дневник, кои дури ни на мојот мал безначаен личен тренер не му значат ништо. Ќе го оставев спортот на 27 и ќе се омажев за содругарот од соседната лента за пливање. Ќе мислев на неизбежниот целулит, ќе сакав убав одмор во камп, во Грчка, кредитна картичка, автомобил на кредит, семејни прослави, турски серии. Да не беше уметноста ќе бев принципиелен човек. Олицетворение на сето она што треба да се стане во животот. На сето она што вреди да се мисли, зборува и прави во животот.

Па сепак на првата страница, од првата бајка, што ја добив од мајка ми, имаше слика на дива гуска. И таа гуска прелета во мене. Го всели во себе својот темперамент на дивина. Таа во патувањато го наоѓа она што НЕ МОЖЕ да се најде на целта. Немир што говори. Немир што мора да одлета. Понатаму. Од огништето и од спортистите со челични вилици. Бев само дете.

Ама се случи да ја прелетам големата вода, а кој ја прелетал големата вода никогаш не се вратил назад истиот.

мар
20

…ја привршувам приказнава еве веќе некое време

Icon_25_by_blisterine66

Притиснаа со клевети, изветвени од пречеста употреба. Притискаат како изгубени лилјаци на дневна светлина. Нивната политика кон странците секако дека е спротивна на логиката на дневното светло. Секако дека е ќорсокак кој ќе наиде на отпорници, на вжештени струјни кола, на репрес. Зарем очекуваат дека со децении ќе го контролираат слободното движење и мислење?

Очекуваат. Онака како што очекувал Орвел.

мар
31


Svaka žena ima Onog Nekog.

Svaka žena je bar jednom u životu voljela nekog fašista. Svaka žena mora naći Svoj Lingam, Svoj Put.

Potražnja je velika.

Tamo gdje grudi vire u naručju debelog mesa. Gdje cvrkuću razvrat i bogatstvo. Potražnja je velika.

Svaka žena, na tržnici. Dijamantska ogrlica je oko vrata traženog Blaga.

Svaka žena ima.. Šansu, da u žlicu juhe stavi kapljicu otrova

Svaka žena ima… Šansu za osvetu. Osveti se prelijepa ženo!

U blagostanju pijanca ti si samo daleka rodbina.

U pohlepi milijunaša, ti si samo igra vatrenih novčića

U pogledu razvratnika, tu si!

U pogledu sveca, tu si!

Da zaživiš Edenski Vrt još jednom. Da zaživiš sebe još dva puta.

Da izdaš Judu još tri puta. Da poželiš smrt još četiri puta.

Da doživiš istinitu ljubav još pet puta. Da oponašaš strast još šest puta.

Da se vratiš Njemu još sedam puta.  Da prođeš kroz Pakao još osam puta.

Da zaživiš Edenski Vrt još Devet puta.

Svaka žena ima…Šansu da zaživi i da preživi izdaju, da traži ljubav i da je naivno proda za strast, da potraži Njega i da se na Putu do Njega u Paklu odmori. Svaka žena ima… Edenski Vrt u sebi.

апр
02
zaboravena princeza

zaboravena princeza

Младост ја викаат некои. Би рекла, олуја на изгребани премини. Младост е девијантна маскарада на премини што носат крикови во себе, што имаат хормони истетовирани како благи кедрови сенки на кожата. Погледите на младите девојки со пепеласти дланки и пластични наочари за сонце, се тркалаат кон изживеаност, од бесмислена еуфорија кон дефектен угриз на нечија кредитна картичка, или едноставно од симпатија кон условен пенисен рефлекс.

Во сличен стил се протркала клубската засенченост покрај младото априлско сонце во раскијавена кабаница, се засили електричниот бран од утринското кафе и се пресече со силен кокаински шок, пресретнат кај Шехерезада, позади бетонските ѕидини… Никој таму не губи невиност, па ни таа, младоста.

Младоста изгледа шаренолика и блеска како извајан спот на поп дива, додека начипкана Oпонентка ги краде последните здивови сексуална возбуда. Од престижот до расцветаната праска и назад, патот е долг. Pо него се среќаваат хероински пејзажи, милозливи сестри прегрнати на лезбијски начин, видовнички хумор зацрнет од политичката алијанса, виртуелен свет на истрипани трансерки што ги превртуваат утробите на кокичињата во пролет. облакодери што мирисаат на националистичка емитација, вештачки инхалатори за неколкумина, што не се против судбината на една Младост.

Младост без поредок, без разговор и без винилни изданија. Дрексијански крици во лозјата што го штитат градот од сеништа, ги прекројуваат свадбарските фантазии на ефтините манекенки, ги саботираат во кристализиран прав и ги разнесуваат онаму каде пределот на младиот човек е условен и зависен од програмирана обука за превенција од дроги. Олујата однела толку многу! Љубов и страст, осама и галени погледи, воздишки и ништожен секс, неверства и признанија, солзи и пот. Се преплетува герданот од викторијански сперматозоиди со генијалноста на капитализмот, се преплетуваат, веќе не може да се препознае, кој кому служи и кој кого турка во бездната од хумана глад. Секој секому му се улизува, го обврзува, го пречекува за потоа да го оттурне, во улога на потиснувач. На хуманата глад. За што се бори младоста? Ако е спонтаност, што сака таа спонтаност? Се е онолку спонтано колку што секој не посакувал да биде. Младоста е сиров премин кон реалност што нема смисла.

апр
11

Болката. Ние сите мислиме дека таа е нешто што треба да се избегнува. Нормално. Мало дете бев кога прв пат на прашлива неасфалтирана земја си ја одрав кожата на коленото и се издраскав од џбунот со трње. Па болеше. Па научив дека болката е нешто што треба да се избегнува.

А прв пат кога водев љубов. Болката ми се виде совршено својствена. Совршен затихнувач на сензацијата која се разлева низ слузницата и крвта надолу по нозете, широко раширени. Со испакнати зеници и со вилица речиси укочена, се предавав на преминот од невиност во уживање во болката. Па научив дека болката е составен дел на совршенството што се нарекува водење љубов, и дека стенкањето е уметност сама по себе.

Демек болката е нешто што е најстрашното што сме го доживеале во своите малецки животи, заробени во малецки гради, на работ од Млечната Галаксија. Кој би знаел да каже? Зошто Универзумов е создаден така што се шири од трескот? И зошто нашиот хуман род е создаден така што учи преку болката? Велат, а и самите знаеме, нашиот хуман род е креативен по својата природа. Создавачки. Творечки. Налик на Бога, творец преку дланките, идејите и срцето. Но нели е логично, дека болката, таа голема учителка на нашата свест и потсвест е несомнено вплетена, скроена во големите творечки дела? Сакам да кажам: секој голем изум во себе, во зародиш, ја носи и информацијата за неговото уништување, секоја голема или мала креација во себе ја носи пораката за смртта и уништувањето, за крајноста, секој голем творец истовремено е и уништувач. Тој во себе ја има пораката што му ја пренела болката. Тој, творецот, тоа не може да го избегне.

Имаме што да научиме од неа.

Но најчесто, и некако пртивречно, болката е поврзана со страв. А стравот, тој се чини ја сјебува работата. Тој ги смрзнува нервите, ги блокира сеќавањата, ги попречува слободните текови на мислата или на чувството. Стравот не е како болката. Тој е деструктивен. Тој е по својата природа спротивен на нашата, хумана природа. Како се случува тој премин, од битија кои се способни да учат, па макар и од болка, да станеме битија кои се плашат од својата учителка? Тоа мене ми е непознато.

Но познато ми е, дека посојат луѓе, мажи и жени, кои осетиле болка, и никогаш повеќе не им се отвориле на искуствата. Се до смртта. Се до крајот.

Знам дека некој заљубил, бил изневерен, и никогаш повеќе не се осудил да љуби.

Знам дека некој работел на величенствена идеја, за висока цел, потфрлил, и никогаш повеќе не се осудил да верува во величенствени идеји и во високи цели.

Знам дека некој се отворил и се предал некому бескомпромисно, бил понижен, и никогаш повеќе не си дозволил да се отвори било кому.

Знам дека нашиот хуман род е преполн со страдање од кое наместо да учи, наместо да се издигнува, наместо да се прекалува во моќно духовно суштество, се претворил во страв. Почнал да сее страв. Почнало да му се допаѓа да го гледа надвор она што го мачи одвнатре. Хуманиот род се извитоперил. Ја отфрлил својата голема учителка. Тргнал на патот на Страшливецот наместо на Патот на возвишеното и семожното. Зошто?

Мислам дека стравот е изворот на сите зла. А болката е онолку невина колку и слаткото стенкање на вашата љубена в кревет. Болката е во нашата природа. Но не и стравот! Тоа е нешто неприродно, нешто наметнато, нешто туѓо или барем нешто што отуѓува. Не отуѓува од нас самите.

апр
12

Maćeha

Odvukao si moje tijelo

U pustinju!

U strašni zamak.

Svukao si moju odjeću

Do gole kože

Do same sagorjele strasti.

Bila je noć.

Dobra maćeha.

превод:

Maќеа

Го смкна моето тело

Во Пустина

Во страшен Замок

Ја смкна мојата облека

До гола кожа

До самата горлива страст

Беше ноќ(та).

Добра маќеа.

PS. Творбава моја е..само првично напишана на хрватски. Понекогаш така ми доаѓа да пишувам.

апр
14

Болката е само тука да потсети. Таа не е ниту добра ниту лоша. Таа е таква каква што е. Психичка или физичка, таа е присуство кое го буди духот. Мора да признаеме дека ги љубиме нашите гребнатинки и модрици. Направени случајно или намерно, кога сме биле на излет, сме се бутнале во иглеста грмушка, за да го скратиме патчето, и таа навидум бесмислена одлука донесе болка што е толку слатка! Кога ќе се вратам дома, гледам гребнатина, засирена крв, ама ја сакам. Не и се плашам. Уживам во тоа што ја преживеав “несреќата“.

Ние сме битија на уживањето и играта. А играта е предизвик. И се додека е предизвикот присутен, ние уживаме да се играме. Да се впуштаме во нерешливи и фатални ситуации. Не е можно дека болката е нешто негативно. Таа е голема учителка. И ние сите ја обожаваме.  Затоа што се чувстуваме поживи, посвесни за себе и околината, поспоени со себе. А зошто баш во тие моменти што ги нарекуваме болни, се чувствуваме поживи и посвесни за себе? Зарем тоа не е противречно? Епа не е. Затоа што болката го буди духот во нас. А ние, колку и да сме физички, сепак се чини многу повеќе сме духовни битија. Битија на свеста.

Погреб. Тмурна сива слика. Распиштени гласови го оплакуваат пребледеното тело на мојот сакан.. Боли одвнатре, боли однадвор. Душата се расцепува и се чини се до колениците ја стресува снагата што сака да попушти. Но одвнатре, онаму каде што сум најмногу споена со болката, баш таму го чувам најсветлиот спомен за мојот сакан. И тој спомен е пожив од сите распиштени гласови што тажат над него. Таа слика, тој спомен ме крепи, ме потсетува дека животот е толку многу сеприсутен, вечен, насекаде постојан па сепак минлив. Нема потреба да се плашам од смртта. Се додека знам дека моментите од животот беа преполни благост и радување.

Затоа: Бори се! За квалитетна болка! Бори се достоинство!

апр
14

posledniot voz

posledniot voz

- Знаеш што се случува со оној што се сомнева?

- Без разлика на подготвеноста на останатите ја прифаќам мојата задача онака како што ја наложувате.

-Ако мимикријата е својствена за негативецот треба да се претвориш во негативец, тоа ќе те одведе на неверојатни и опасни патишта кадешто играта не се потпира на закони.

- Налогодавачот треба да биде попостојан од оној кој ја води играта претпоставувам?

- Да. Тоа е едно од правилата на играта, онаму каде што никој никому не верува најуспешно поминува искреноста. Го согледуваш постепено и го елиминираш докрај.

- Јасно. Тогаш значи не ми ги одредувате вие границите.

- Пазете да не станете предвидлив, тоа е основна храна на шпионот, а постапките на шпионот зависат од вашата предвидливост. Тоа пак ги прави нив предвидливи. Ме пратите нели?

- Одлична порција, отсекогаш сте ме потсетувале на некоја далечна но обврзна врска со фамилијата, неделата, оној полуоблачен ден кога доаѓа време да се соочите со симпатиите на пријателките на мајка ви пред селската црква.

- Време е да се разделиме. Сирењето беше добро одбрано со ова вино. Ви честитам.

- Ќе ве пронајдам ли за вечера? Овие разговори го будат умот од подготвеноста која ме демне.

- Нема да ме најдете до вечер во овој воз. Ќе се сретнеме кога ќе дојде време за нашата пресметка. Тоа можам да ви го ветам драг пријателе.

- Бевте ли блиски со татко ми?

- Доволно. Го оддолжувам неговиот дел од сметката, вашето лице наликува на неговото во моментите кога покажувате одлучност. Не ќе ја заборавам оваа средба. Збогум.

- Збогум.

апр
16
YouTube Preview Image

Nadrealistička realnost od moeto detstvo!

апр
20

Се родив човек
Со перјано грло
со истек на време
Постанок
На уште една голема Маја
На уште една голема лага
Зариена во прст
Како претесен прстен во дебело месо
Неоткинлива
Настроена
Беспрекорно скроена
Уште една голема Мага
Уште една голема лага
Видлива од внатре
Недофатлива
Кршлива, фина
Совршено прифатлива
Уште една голема Маја
Изгонета од Рајот
Пресечена на пола
Јаболкото и таа гола
Прикажани јавно
Соблазнети
Воопштени
Лизгави, но кревки
Јаболокото што носи раздор
И таа што во дното на трупот
Умот ми го зема
Го превртува смисолот
И во тревога
Сотворува глупост
Јаболко и жена
Уште една голема Мага
Уште една неисплачена тага
Ги прекрстила нозете
Го притаила дишењето
Ноздрвите ги вшмукала
Ги составила
Меѓу закрвавени очи
Од очај бес неверство и лага
Таа големата Мага
Мене ми продава уметничка сага
Ме омамува ме гони
Ме прашува што сони?
Кому му ги откри вистинските тајни?
Кого од Рајот го изгони?
Таа големата Мага
Мене ми продава уметност,
Пробува да ме научи да вагам.
Реалност со вредносна лага
Видлив Рај со измислен Пекол
Венчаница како сопствен Раскол
Древен Сон со Поетска Ноќ
Ме тревожи, ме оќори
Ме прашува што стори?
Што тебе ти е бегство,
Што другому му е спас?
Зошто во Мир да чекаш заден час?
Принуди ја акцијата, ме подучува
Големата Мага
Твоја слугинка да биде,
Би владеела со Законот на Светот
Што се кажува за прав
Од Искон до сега
Од Почеток додека не го снема.
Илузија е сево ова.
Големи тајни што низ мене пловат.
Се вртам
Ќе ме снема
И повторно ќе го гледам
Само крајот на почетокот што се роди
Од големата Маја
Во живот што се сотвори.

апр
28

Суштината е накаде другаде. Суштината е: Јас самата, патот кој го одам, и по него сите суштества што ќе ме пресретнат. Зошто ваков облик? Тоа не го знам. Зошто е патот поважен од целта? Тоа не го знам. Зошто е важно НИКОЈ по пат да ме заведе и заврзе. Тоа е структурата на сите стари херојски приказни. Вечна мисија. Никогаш не дооден пат. И по него, сензацијата на вљубеното срце.

мај
03

Ова утро се разбудив во 6 и16. Будна како ден. Ги отворив вратите од терасата, излегов надвор. Паѓаше дожд. Отрчав до тревата и почнав да се протегам на дождот. Сосема будна, сосема среќна. Неколку минути покасно, со навлечени тешки завеси на вратите, се најдов во темна просторија, во топол кревет, речиси заспана. Само неколку минути потоа.
Што е реалност, а што сон? Дали навистина бев јас таа што боса на дождот истрча да се протегнува? Или тоа е само желба, која толку силно ја посакав што се стори вистина? Кој е мојот вистински живот? Како да ги спојам и задржам овие толку очигледни спротивности како студен свеж дожд во мајско утро и топла постела во затемнета соба. Обете доживеани од сопствената кожа, обете мои, обете подеднакво вистинити и важни…

мај
12
Voinka

Voinka

Кога се видов во огледало, повеќе немав име. Немав лик и не знаев на која религија и припаѓам. Надвор, мојот роден град е под опсада. Во главата слушам гласови, повици. Свештеникот, отец Костадин, денес повторно ме повика да му се придуржам. Но каде? Во моите мисли нема повеќе мир за соживот. Има само нетрпение, одвик, невиделина.
Градските бедеми се превземени од Тројанскиот демијург. Кога започна историјата да се преместува кон Исток, сите знаеја дека небесниците ќе се побунат. Но како да се дочека гласот на пријателите, кога знаеме сега веќе дека сме опколени, дека не има малку, и дека наскоро бедемите ќе попуштат. Оние лажни херои качени на скали од ленени јажиња, довикуваат смрт. Нам ни ја довикуваат, преку бедемот и ја препуштаат на ветрот да ни ја донесе за појадок. Лажни херои на антички времиња, преболени уште од Хомер, решиле да се вратат назад и да го опседнат градов чие потекло е вечно и неуништиво.
Што ќе каже отец Костадин на овие видливи ама бесконечни довикувања на небесниците, да се спаси градот, да се спаси доблеста.
Гледам црвени пламења се преплетуваат со зората. Истокот повикува. Полека но сигурно, тој е единствениот правец. Со последен крик ги повикувам да ми се вратат силите, да ме опслужат крвта и паметта наследени од претците, да ја воедначат празнината и величината на смртта што не чека пред бедемите на Акрополис.
Отец Костадин вели дека под небото сите сме еднакви. И верувам дека е така, додека го ставам својот оклоп од бронза на себе, додека ја испробувам оштрината на копјето што го држам, и витештвото на штитот опшиен со злато. Арахна е тука, да ме потсети да ја чувам својата женскост. Отец Костадин беше тука да ме потсети да го чувам своето достоинство.
На источниот бедем горат пламења. Повикува небесникот во занос. Се е онака како што морало да биде. Приземни освојувачи на големите тајни на животот. Дошле под мојот бедем, го прободиле срцето на мојот љубен, го откорнале срцето на мојот љубен и го прогласиле за мртво. Се додека во мене бие, тој е жив херој на оваа бесмислена битка. Како и секоја друга битка. Чека на мене, доблеста да се соочи со стравот.

PS. Другиот наслов на овој расказ би бил: Смрт на егото.

мај
16

Се менувам.
Само себе си.
Другиве не!

мај
19

(извадок од кратката новела Пустински градови)

Коњаници од црни коњи се спуштаат кон извор од блескава вода, која блика како потоп од море надојден, слетуваат во облаци од прашина и диви, разјарени, споулавени од допреана гордост што ги гони да раскинат све пред себе, да го потчинат оној кој ним непослушност одбра да им даде, се упатуваат кон нежен лик на жена која стои скаменето. Се чиниш ги чека.
- Ве очекував. Скаменетиот глас на Хана проговорува пред разјарените гласници на несудениот младоженец.
Пред неа стои стариот, таткото на младоженецот!
- Ти си ќерката на АлАхМед, синот на Мурат АлХамид, потомок на градот Исабија. Ти си избраничка на мојот најстар син. Но твојата воља не се покорила на Светиот закон. Ти се обраќам за одбрана, покајување и покорност.
- Јасу сум ќерката на АлАхМед, синот на Мурат АлХамид, потомок на градот Исабија. Не можам да се покорам на твојата заповест. Имам подруга воља од онаа на Светиот закон. Законот на моето срце вели дека не смеам да се покорам на избраникот кој на мене чека.
- Покај се и покори се за ова што го говориш пред мене! Касно ќе биде кога ќе се вратам со овие страшни вести пред твојот избраник АлАх Себјин.
- Мојот избраник има друго име! И тоа име не го одбра Законот, туку срцево мое! Одете од каде што сте дошле. Не бегам. Но јас нему не му припаѓам.
- Жена не одбира кому ќе припадне! Законот е јасен. За твојата дрскост ќе платиш со животот!
- Време е жената да може да ја одбере честа. Кого ќе љуби и зошто ќе умре.
- Зборуваш како воин. Но твојот лик женски не може да биде повеќе од она што Законот го одредил за тебе. Сопруга на мојот син и мајка нан неговите деца.
- Друг закон одредил за мене. Вратете се од каде што сте дошле!

мај
26

Onda nastupi ljeto Njegova zanosa, a lipanj ljubavi Njegove nadvi se nad nas. On ni o čemu onda nije govorio doli o drugim ljudima – o susjedu, suputniku, strancu i drugovima iz djetinjih igara.
Govorio je o putniku što s istoka u Egipat putuje, o oraču što se u smiraj dana kući s volovima vraća, o namjerniku što ga suton dovodi do naša vrata.
I reče: „Vaš susjed vaše nepoznato „ja“ što vidljivim posta. Njegovo će se lice održavati u vašim mirnim vodama, i ako se zagledate onamo, spazit ćete svoj lik.
Osluhnete li obonć, čut ćete ga gdje govori, a njegove će riječi biti kucanje vašega srca.
Budite vi njemu onakvi kakav želite da on bude vama.
To je moj Zakon, i ja ću ga prenjijeti vama i vašoj djeci, a ona svojoj djeci, sve dok vrijeme ne istekne i naraštaja ne nestane.“
A drugoga dana reče: „ Vi nećete biti sami za sebe, vi ste i u djelima drugih ljudi, a oni, iako to ne znaju, u vama su sve vaše dane.
Oni neće počiniti zločina da vaša ruka ne bude u njihovoj ruci.
Oni neće psti da i vi ne padnete, niti će ustti da i vi ne stanete u njima.
Njihov put u svetište vaš je put, a kada oni traže bespuće, i vi tražite s njima.
Ti i tvoj susjed dva ste zrna zasijana na njivi. Zajedno rastete i zajedno ćete se njihati na vjetru. I nijedan od vas neće svojatatai njivu. Jer zrno na svom putu do zrenja ne svojata čak ni svoj zanos.
Danas ja sam s vama. Sutra idem na Zapad; ali prije nego što odem kažem vam da je vaš susjed vaše nepoznato „ja“ što vidljivim posta. Potražite ga u ljubavi kako biste mogli upoznati sebe, jer ćete mi samo po tom znanju postati braćom.“
Onda stiže jesen Njegove muke…
Josip iz Arimateje
K. Đubran Isus, sin čovječji

авг
09

Зошто сите девојки ставаат слики на фејсбук во апсолутно провокативни пози, со прекрасни длабоки деколтеа, со гради како раскошни градини, со колкови кои повикуваат на гозба, со прекрасни усни, со прекрасни коси украсени со скапи шешири, инспиративни наушници… па сепак, никако и никако не смее да се спомне дека таа е добра ебачица, дека добро се ебе, дека имала над 30 партнери во своите 30 годин? Не! Таа живее со мама и тато, ја планира својата свадба на која ќе изгледа најсекси во својот живот (чиста бесмислица! Сеуште не сум видела чипкана проѕирна мини венчаница, а ако се они Пепелашка-гарант ќе се сопнам-балски фустани се секси, тогаш за џабе викаме дека живееме во 21 век, затоа што тоа било секси во 18 век!)
Се разбира дека ќе изгледа секси. Не сум била старосватица еднаш во животов. Секси додека пробува долна облека што ќе ја облече за првата брачна ноќ, заедно со мене во гардероба, разголени и слободни, таму е секси. И на моминската вечер, кога поднапиена, наместо лошо одбраниот фустан, ги облекува тесните фармерки и гола по прслук танцува со господинот што го викнавме да не забавува.. апсолутно секси. Додека ми раскажува што ја возбудува кај вереникот, и каков е во кревет, ама онака слободна, насмеана, отворена со мене, тогаш ми е најсекси на свет. Се разбира дека ја сакам, и ја посакувам… (еве и нешто лично: Како тоа да и го кажам? Ќе полуди! Ќе ме избрка од нејзиниот живот! Ќе ми рече дека сум луда, расипана, дволична… ) Ќе ти бидам старосватица, мила моја.. Никогаш нема ниту да дознаеш, колку многу секси можеш да бидеш.
Па сепак, таа е добра мамина ќерка. Сака да верува дека е пристојна жена (со пристојна доза на сексипил) само за да биде добра сопруга, и да има добра работа, и добро да котира во градските кругови, и да има добра кола, и да оди на добри дестинации на одмор, и да има неколку добри пријатели, и да има неколку добри деца…
Ех, колку прекрасни наивности. Не затоа што е лошо да ги имаш сите овие дарови на животот, туку затоа што тие немаат никаква допирна точка со вистинската слобода што секоја жена ја заслужува. И за жал за која секоја жена мора да се избори.
Но жената, таа е се само не борец. Таа е сопруга, што слуша и служи. Кому и што.. тоа зависи од воспитувањето.
Таа е исто така и слугинка, покорна на идеалите за вечната женска убавина, што трае до 35тата, и прифаќа потоа да биде само добро употребено марамче за бришење солзи на шпанско-турски серии. Таа е емотивка, естета, таа има нежност и кревкост во себе..
А каде се сите тие нежности и кревкости? .. да речеме, да речеме… во еден ваков муабет:

-Леле Маци немаш појма што ми се случи!
-Маци, те чекам во 3 во Ања.. звучиш перверзно добро :) (мојот стил на комуникација си е мој, таа знае дека сум перверзно отворена, затоа и мене ми се јавува, кога нема кому, а мора да раскаже што и се случило!)
- знаеш, Де Мајорка е лудница. Абе не можеш да не откачиш. Уште во авионот, ми се појави она чувство, незаменливо, на слобода! Конечно, Скопјево останува такво мизерно и сиво под мене,…отиде Лејла на заслужен одмор! Го осеќам и Стефан и тој е опуштен, покрај мене, му светнале очите, конечно одмор!
Од топлината почнавме да се опуштаме уште првиот ден. На плажа коктели, навечер некои луди порции морска храна, околу нас прекрасни жени, добра музика. Мислев дека сум во рајот. Сексот со Стефан, чиста бомба. Секое утро и некаде пред вечера. Некад и после вечера, ама не можеш бе, многу напорно, и такви подначукани со неколку пијачки во нас, ќе се погалиме и ќе заспиеме. Затоа пак утрата беа чиста петка.
-Маци, одлично!
-Ама слушај сеа. Направив нешто што не смеев.
-Маци, знам. Само те чекам да ми кажеш
-Од кај знаеш ма ти? Ти све знаеш. Затоа морав да ти се јавам. Обожавам кога не морам да заобиколувам.
Стефан отиде во некое казино, во сред бел ден. Да се затварам при онаква плажа, со едни рајски коктелчиња, во едно рајско местенце, тивко, опуштено и со убави луѓе, немав никаква намера. Си останав во барот. Не поминаа 10 минути дојде Рики
-Рики а? Ромарио, Рикардо, Роналдињо…
-Доста мааа. Појма немам да ти кажам. Нешто такво беше, ја си го викав Рики.
Маци, црн, зелени очи, тело ко од Долче и Габана, опуштен ко прав Дох Жуан. Се насмеа, испи со мене две пијачки, ме собра со такси до неговата куќа, негде во периферијата. Беше нежен, секси, добар со мене, пристоен, ме прашуваше цело време дали ми одговара оваа или онаа поза, правеше паузи измеѓу две пози, и ко да не постојам, си уживаше во попладнето, пред пак да ми се нафрли, ко дивјак, па повторно ко нежен цвет… абе прав Бог во кревет, совршено!

…да речеме. Ако има една девојка што не посакува во текот на нејзиниот живот да го сретне Рики…јас слободно се џиткам директно од Камени Мост во оној бетонот што не знам сеуште зошто го ставаат во Вардар. Ама знам дека нема! Посебно нема меѓу оние што се само неколку години во брак, сеуште се чувствуваат млади, полни сексипил, имаат толку многу да дадат, а креветот еве веќе неколку години го делат со едно те исто тело и со едни те исти пози, стенкања, звуци и бакнежи.
Знам има премногу од оние добро воспитаните. Што знаат дека тоа е свесна жртва за семејството, за љубовта, за бракот, за тој еден што свесно сум го одбрала. Но какви се тие жени? Мене искрено страв ми е од нив. Преполни фрустрации, преполни завист, често пати неумерено дебели, преполни а празни, празни во очите, во духот, празни во муабетите, празни во соновите, празни меѓу двете книги што ги прочитале, празни.. а знам дека чувствуваат дека има толку многу! Што ако имаат деца бе? Знам што значи да имаш дете. Неизмерна жртва, од утро до мрак. Но зарем тоа ме прави помалку жена што сака да љуби? Зарем тоа ме прави помалку жешка љубовница, помалку секс бомба, помалку жена што сака да ужива?
Или не може све да имам? Па јас и не сакам све. Сакам само да бидам ЈАС, онаква каква што ме дарил Бог, а тоа во огромна мера го вклучува сексуалниот живот и сексуалната слобода.
О жени мои…балкански. Ти жено моја, неебена, не љубена, не вљубена… бори се за себе!
А мажите.. тие пак, тие ми се далечна иднина. Недофатливо поле за разбирање. Не ги сфаќам.. што не значи дека не знам да ги љубам.

авг
10

„Пресметка на сон“

Посветено на пријателот Готама-с
Инспирирано од филмот Insteption

авг
11

Секако, секој во животот ја слушнал фразата: тој е човекот на мојот живот! (се разбира постои и жената на мојот живот, но сега јас си размислувам од женска перспектива).
Каква заблуда! Каква себичност. Каква лага!
Опасно е да се прифаќаат, особено така добро излижани фрази здраво за готово. За мене таа фраза е типичен пример за недораснати човечки битија од врстата женки за парење што се грижат единствено за својот репродукциски нагон.

Следната фаза од развојот на свеста кај медиокритетската репродукциски настроена женска популација би требало да биде: Животот на мојот човек.
Затоа што ако јас го гледам својот животен и духовен развој од детството па до денес, секако дека не постои ЕДЕН човек на мојот живот! Секако дека постои татко ми! И постои дедо ми, постои првата вљубеност, и постои првата љубовна песна, постои оној што за прв пат ми го скрши срцето, постои оној што ме скина, постои професорот, учителот, оној што уште неколку пати ми го скрши срцето.. и на крај секако, постои сопругот, и жените на неговиот живот, мајка му, баба му, неговата прва вљубеност, девојката за која прв пат почувствувал душевна бол, жената која го скинала, професорката, случајната учителка и ете во овој период од животот јас, неговата сопруга, која посакува да му роди дете.
Затоа многу пологично би ми било да се грижам и да ја истакнувам убавината на животот на мојот човек. Мојата потполна брачна, и воопшто човечна, посветеност да биде насочена кон убавината на животот на мојот човек. Неговите падови и подигања, неговите кризи и успеси да бидат испреплетени со трудот кој заедно го вложуваме, кој јас го вложувам преку љубов, жртва и предаденост во животот на мојот човек.

Недораснато е нашево човештво. Само една таква фраза и сосема е јасно колку тесно гледа една жена на животот (просто кажано: акцентот е на Мојот живот, а никако на заедничкиот живот). И воопшто не ми е јасно како може такви фрази толку долго и упорно да опстојуваат? (кога ќе размислам подобро, веќе со векови знаеме дека планетите, вклучувајќи ја и најважната за нас Земјата се вртат околу Сонце, па сепак со векови го користиме изразот дека Сонцето изгреало и зашло зад планините). Важни се такви детаљи затоа што тие ја покажуваат его-центричноста на кутриот човечки дух, што се препелка во прашина наместо да се издигнува како моќна птица кон небеса.

авг
15

Сцена пред ИнВич Инкорпорејт. Кратка средба на лејди Вича и Лола, една локална курва во градот.
Л: Здраво, здраво! Види се каква си! Порасчупана никогаш не си била!
В: Ех, мода, што да се прави. За некои работи не можеш да бираш. Тебе како ти оди бизнисот?
Л: Не знам што да кажам, пријателке моја драга. Чудни времиња. Сите сакаат со курви, тоа беше правилото кога мајка ми ме воведе во занаетот. Но ете дојде време кога курвите веќе не се на цена. Сега некои еманципирани плавуши, се промовираат како добро платени манекенки со вештини со кои не можат да ми се фатат на малиот прст.
В: Аха да, да! Секако. Доста од нив ни се клиентки. Не се сите толку глупави. Сепак повеќето не се ниту курви, ниту вештерки. Само се мотаат по канцеларииве, де солариум, де некои специјални спа масажи бараат, бараат аранжмани за патување на меден месец. Ах, кога би се станувало професионална вештерка со едно медено патување.
Л: Све набрзина. Ама курва со тапија не се станува за 2 месеци. А за вештерка, тоа не сакам ниту да спомнувам. А тие поднаучени манекенки све сакаат одма!
В: Ех, да, катастрофа. Се снаоѓаме некако. Ги негуваме вредностите. Кај тебе, конкуренција како?
Л: Па освен оваа нелојалнава конкуренција, останатото е ок. Се вади за пристојна живеачка. Еве собрав доволно пари, па планирам да се мажам. Затоа и сум тука!
В: Одлично! Ќе се вратам веднаш. Мојата канцеларија е 200Воланда на катот после Магдалена. Имам одлична понуда за тебе!
Л: Ех, каква среќа кога курва како мене ќе налета на вештерка како тебе! Хахахха
В: Хахаха. Те чекам.
Л: Одма доаѓам, отидов да купам нешто за доручек. Тука има одлична прекарница. Денес планирам да се наденам во Црна Дупка.
Л: ух, не ти го разбирам тој хумор. Ама дај нешто нафрли, што имаш, каков е?
В: тазе вработен во министерство…
Л: тоа те прашувам! И?
В: сакаш со мани или без мани? Знаеш дека све си има своја цена.
Л: доволно се трудев и напорно работев последниве 10 години. Мислам дека можам да си ја дозволам цената без мана.
В: така те сакам сестро! Без повлекување, само напред!
Значи само накратко, сега тазе пикнат во министерство. Добро испран мозок од мајка психијатар и татко – курва на факултет. Пријатно мириса единствено само после спиење, така што нема да ти биде проблем да го задржиш, барем првите 3 години.
Л: со моето искуство! Мој е барем првите 7.
В: имаме сега еден нов производ, од лабараторијата на Ин Вич Ви Траст, гел против противнички, лејди Гарга. Го додаваш на пената за бричење, гарантирано ги одбива сите можни конкурентки и оние кои барем малку ги поседуваат вештините на твојот занает.
Л: тоа пакет иде?
В: па ќе видиме. Зависи што све сакаш да пазариш. Имаме доста пакети. Сопруг, пакет со поднослива свекрва. Пакет, сопруг со дособен стан во строг центар, а има, сега ни се тие модерни, сопруг, менаџер на аранжмани за телефонски претплати во мобимак. Фора е! Одлично се продава, иако можда не одговара баш за твојот калибар.
Л: сериозна женска сум јас, ме знаеш.. хаха, тоа сепак задржете си го за помладиве генерации.
В: ок, срцка. Слободно влетај во 200Воланд, доаѓам за 2 минути! Курвичка моја слатка, те имам денеска само за себе! Ќе ми бидеш најубава невеста!
Ох, ај лов дис гејм!

авг
16
за другата страна

за другата страна

Ова е приказна за една девојка која очи в очи се состанува со дрските и полни со меланхолија раскази на Ч. Буковски. Како неодминлив дел од нив, овојпат ја слушаме нејзината верзија на настаните…

авг
18

Кратка сцена од градскиот живот на една девојка со надреалистичен завршеток. Напишано наменски за стрип. Се бара стрипаџија.

жена и дрво

жена и дрво

Таа: баш не ми се излегува вечерва. Што ќе правам во град. Се’ тоа па тоа. Истите фаци, истите празни муабети. Фуј..
Се облекува сепак, доволно секси затоа што не смее да си дозволи да ја приметат нејзината блага апатија. Таа сака да си биде згодна на самата себе, си се теши, додека ги поднаместува кадриците над деколтето.
Следна сцена: си оди накај дома. Мрак, улична светилка, поткршена калдрма…
Таа: Фуј! Само некои фрикови ми се закачуваат. Нема веќе нормални дечки. Ако е сладок е педер, ако не е сладок е лудак. Не искачам веќе баш ми е гајле! Што сакаат нека зборат. Нека зборат дека сум забегала. Ми треба одмор. Ми треба да поминам време сама во природа..
Да природа.. како кога бев мала.. колку прекрасна беше ливадата во селото на баба ми.. (се занесува во слики со пеперутки, тревки, сончеви зраци. Не ги приметува чекорите што се наближуваат. Се случа тк..тк.. тк.. забрзано, некој ја довикува. Во следниот момент е покрај неа)
Тој: убавице, каде вака сама, во овие доцни часови?
Нејзиниот лик е ужаснат. Сосема занесена од спомените од детството, најмалку што очекуваше е ликот на локалниот поет и писател од градот.
Тој: не се плаши. Ќе те подиспратам. Ти вечерва дури ми го даде и твојот број. Нема потреба да се паничиш. Веќе се познаваме.
Таа: да секако. Само се подзанесов во мислите, не ни приметив кога ми се доближи.
Тој: на што мислеше?
Таа: на тоа дека ми треба повторно спој со природата. Дека сакам да и’ се вратам. Да ја почувствувам како дел од себе. Тоа ќе ми ја врати способноста да се вљубам.
Тој: прекрасна идеја! Те обожавам убава девојко! Ти си мојата најголема инспирација!
Следното утро девојката рабуди со свеж мирис на зеленило околу неа. Погледнува жива ограда! Се обидува да се помрдне, но некакозакатанчена, не може да си ги почувствува стапалата. Дланките целите обвиткани со ластегарки, зазеленети. Таа, девојката, се престорила во жива ограда, корења наместо нозе, со цветови во косата, во витканите кадрици, веќе споена со оградата на неговиот двор. Доаѓа тој, градскиот поет, ја гали и и зборува:
Јас се грижам за тебе. Те полевам. Те обожувам. Ти го давам сето она што го посакуваше. Дел си од природата. Дел си од мојот восхит. Нема и прекрасна, ќе те полевам и обожувам засекогаш..

авг
24

Вака не оди.
А како? Одлучи се.
Осамена сум.
Немој. Радост е секогаш. Радост е сегде.
Радост.. само кога сум добро ебена.
Заебана.

авг
26

(ova staro e od 98!)
Густо, растегливо, ми протекува какао низ грлово.
Налик на кањон во пустина, тече по пукнатините темно, низ брадата се слева надолу кон слабините.
Добро владееш со глаголите на страста.
Ме откинуваш
Продираш
Ме растргнуваш
На гради ми паѓа кафен тон од какао. Се слеваме
Одеднаш не сме ти и јас, маж и жена сплотени во постела од солени чаршафи, туку гуштер и змија на месечина полна.
Таа е само сполниот звук на космосот што се шири, ветар, ветар…

kakao

kakao

авг
29

Кога би имало некој да ме води?
А зарем нема?
Кога би имало некој да ме ослободи?
А зарем не си?
Кога би имало некој да ја преплива рекава наместо мене.
Нема.
Нема.
Нема.

авг
30

Сончев ветер ми ги расцветува врвовите од ноктите, додека чекорам а мислам дека трчам. Ветерниците ги оставив позад себе. Тие дамнешни градби, со прозори од азбестно стакло, се покажаа бескорисни пред пустинскиот ветер што дува веќе 3 месеци непрестајно. Слушам електронски шумови. Поминувам? Или понирам? Низ пустинава што ги плете последните брисови водена пареа на челото. Околу грлото, песочна брана. Критично е. Веќе неколку часа ги бројам чекорите за да не мислам на ништо друго. Дали ќе добројам? Не сум ни приближно оддалечена од базата. Некаков дизел поминал тука пред 2 дена. Ја намирисувам бледата трага на јаглерод диоксид како млако се павта во сферата низ која се влечкам еве со денови. Запурнината ја распарталува мојата облека. Песочните зрна гравитираат околу зенициве. Како исушен лимон само гледам да ги стресам од себе.
Влечкам со себе неколку сурови голтки вода, непроценливо благо. Сигурно има вкус на плинска боца. Ама вода е. Ја чувам. Се приближувам до нешто. Можеби со векови стоело тука, но ете сега збришано од пустинскиов ветер, наликува на барака од рѓосани прачки железо во неверојатни облици и форми. Гризам песок. Се препелкам полека. Пеколот не стивнува. Распален ми го пржи челото со топла карамела, ми ги полни очите песочен сок и ги толчи брадавиците со некаква солена прегреана пареа што истекува од мене и испарува. Топло е. До глуждови сум полна со песочен прав. Чекорам бавно. Тој правот, ми ја глода кожата, ме суши. Гледам дали е можно да се засолнам во тоа рѓосано засолниште. Или тоа е само уште еден нереален објект во бескрајно вжештениот котел, што порано го нарекувале Медитеран.

сеп
06

Голи жени, жени убави
Во кревет се превртуваат, сонуваат
Вагон со јаглен и ложач со измастени мускули црни
Сред празна арена
Од матадор прегазена
На подиум
Заведена од игра на зборови
Непристојна понуда
Во Хотел
Во Луна парк
Кицоши ги бакнуваат своите сопруги и деца.

Кицош

Кицош

сеп
09
сладок хулиган

сладок хулиган

Тој стои, таа седи.
- што не седнеш?
- Не, добро ми е вака. Навикнат сум
- Не биди скр.омен. Полесно ќе ме гледаш.
- Потешко ќе те заборавам.
- Ах, демек ти сакаш да ме заборавиш, така?
- Не, не го реков тоа. тоа не е точно.
- Ако не е точно тогаш зошто не седнеш? Што стоиш? Како даб над цвет, како дрво над подникната трева?
- Ти тревата си? Да си легнам тогаш?
- Ама ти да не се занесуваш многу?
- Ех, па сега сакаше да седнам, сега се лутиш? Што сакаш од мене?
- Јас мислев ќе збориме за тоа што сакаш ти од мене! Мажи. Што и да кажеш ќе те сфатат само дека нешто сакаш од нив. Сакаш да зборуваме или сакаш да си легнеме?
- Па може и така
- Како?!
- Ај, подобро тогаш ништо.
- Ама ти глуп си? Кај тргна?
- Па да си одам. Подобро да не почнуваме караница уште пред да поченеме муабет
- Подобро подобро.. вие мажите секогаш знаете што е подобро
- Што ти се па тебе мажите криви?
- Ако не ми се криви, ама не ми се ни прави!
- Ама ти од која провинција си дојдена? 21 век женооо, нема веќе разлики, мажи жени, сите се бориме за истото.
- Да само повеќето се борат да ми го пикнат, а некои само да ми го начукаат. Ти зошто си тука?
- Ти си глупа. Те сакам. Зошто ме нервираш со тие глупави стереотипи за мажите и жените?
- Затоа што…
- Мислиш дека ако ме нервираш подобро ќе те ебам?
- Абе иди бркај работа. Ќе ме ебел. Тебе кога ќе ти дадам, земјинава топка ќе си ги преврти половите.
- Ама не биди паметна кога не си! Те сакам…

…завршува, или свршува, тоа секој со својата фантазија!

сеп
10
поминувајќи

поминувајќи

Жена сум, па морам да зборувам преку телото. Не знам да зборувам поинаку. Никој нема ни да ме слушне ако зборувам поинаку. Зошто една жена би се мачела да го научи друг јазик кога има тело? Гз, цицки, коса, усни што канат на усмини, движења што канат на гозба, домачица што кани на еклери, јазик што кани на преплетување, поглед што соблазнува, поглед што значи: изеби ме! Колкови што ги протегаат своите облини преку сите мажи на светот, на сите возрасти и од сите раси. Моето тело е вечен архипелаг на страста и потребата.. да се пополни една мала шуплинка што испушта опоен мирис на циркон.
Имам задник што заносно се нишка, во кружни движења, околу замислената оска на светот. Имам заносни облини околу колковите што ласерски прецизно привлекуваат погледи што ја соблекуваат облеката од мене, сё до аголот на кој ќе исчезнам, во непознат правец. Речиси можам да ја почувствувам плунката како полека капнува на моето разголено рамо, на еден неверојатно упорен обожавател од улица Де Вињи. . Кап кап кап.. Толку упорно и со сласт ги гледа облините на телово што се нишка како житно стебло во житно поле од луѓе, врвулица и врева. Што е тоа во мажите што ги тера да го гледаат телово, без да го поврзат со душата што кревко се препелка потисната во заносно украсено деколте со златно синџирче? И се разбира латици руса коса, што ги запретуваат брадавиците сосема да ја покажат својта набрекнатост… машкиот сој, машката плот и машката потенција, заносно ме возат низ улициве, додека во главава имам планови, во гласот имам исмевање, а во подвезиците имам доволно евра да можам во секој момент да изнајмам куќичка во Доминиканска Република.. и никогаш повеќе да не се вратам, никогаш повеќе да не се свртам…

сеп
14
Судбина

Судбина


Судбина

сеп
14

Ми го прави денот убав!

YouTube Preview Image
окт
04

Живеам во град, живеам градски живот, шетам по тротоари, одам на кафиња или чај во скопските гламуросани кафичи, и сё разбира запознавам нови градски фаци. И како што се подразбира, интелектуалец или полјак, секој ќе запраша: што работиш, со што се занимаваш?
Да објаснувам дека капитализмот како систем ме исфрли од своето неуморно центрипетално вртење со брзина од 5 години по работен стаж (оваа единица мерка е спротивна на брзината на светлината), ме прогласи за непогодна и неприфатлива и полека ме оттурнува кон маргините, каде што седат други слични индивидуи со лименки скопско на ѕидчето од градежен, и чекаат некој да ги викне на проект, значи за такво објаснување не сум спремна, па на некој што прашува директно, без сомневање дека позади мојот интелегентен лук, се крие некаква пракса, кажувам:
- Јас правам клучеви, одговарам како од пушка и чекам на следното прашање.
- За какви врати? Сигурносни се разбира, е мојот следен одговор, оние кодирани, што е невозможно да ги разоткриеш.
- Интересно. Исплатлив ли е тој бизнис? Се разбира дека не. Тоа е бизнис кој полека изумира.
- Но зошто изумира овој занает? Затоа што луѓето веруваат се почесто дека ги имаат сите клучеви што им се потребни. Затоа што мислат дека се знаат.
Им продавам клучеви на тие што ги сретнувам, тие си заминуваат со клучот во рака, среќни што можат да ја отворат својата мала врата. Тоа е мојата работа.
- Добро си платена? Најчесто забораваат да платат. Најчесто забораваат и како изгледам.
- Но тоа е така во секоја работа, зарем не? Не знам. Јас зборувам за мојата работа. Тие вољно забораваат на онаа што го дала клучот. Тие се луталици со станови, куќи, џипови и имоти, ама само ако немаат клуч и тогаш јас им требам да им го изработам. Потоа ме забораваат.
- Колку време го работиш овој занает? Во последно време тоа ми е сё.

окт
06

Доаѓам на гости. Таму топла атмосфера, пријатели, ама од оние што не ги гледам често, што не значи дека го губам контактот. Со некои луѓе времето никогаш ништо значело, таму сме каде што сме од првиот ден. Си муабетиме, пиеме некаков чај, демек за рассонување. Тој ми вели: еве да ти кажеме, ние со Н. сме во спиритуален брак. Тоа значи дека нашите души се во траен однос. Нераскинлив. Засекогаш. Убаво е тоа. Се радувам за нив.
Одам накај Југодрво. Треба да си фатам 41 за дома. Си муабетам со Беко за неговата трагична љубов. Сакав све со неа, и верував, не ја изневерив цели 3 години додека бевме разделени. Таа не ми дозволи ниту да ја допрам кога се видовме. Ме пресече. Сакам да ја заборавам. Сигурен сум дека ќе ја заборавам во моментот кога ќе сретнам некоја друга потенцијална сопруга. Беко, зошто не си дадете шанса? Нема време за шанси, времето ме гази. Сакам деца. Сакам живот. Не сакам да остарам сам.
Стигам дома. Сите проблеми решени. Се разбираат со поглед. Исто мислат, па сепак не им е досадно. Исто делат, па сепак богати се со живот. Исто знаат, па сепак се почитуваат. Пар што поминал премрежја на векот. Сеуште заедно. Сите проблеми решени. Дома си е дома.

окт
06

Денеска имам само 13 денари во џепот. Вчера имав 113 денари. Ставив 100 денари кредит на телефонот, па сега имам само уште 13 денари во џеп. Баксузен број. Но не е толку баксузен кога би знаела што да правам со овие 13 денари? Да си купам ѓеврек не можам, тој е 15 денари. Можам да му ги дадам на циагнчево. Би му ги дала, само да знаеше барем да тропа на тарабуката. Се надувало со лепак, и само треска без врска. Мразам наркомани, па макар да се и мали циганчиња. (Ништо не е веќе како порано. Дури и циганчињата не се невини. Го нема Квазимодо, ја нема Есмералда, ги нема Витмановите полиња, го нема Бенини да протрча во кадар.. ) ..ништо не е како порано. Барем Хамлет да се појави од некаде. Разбрав дека мојата убава братучетка се смувала со Хамлет. Ех блазе си и. Згоден фраер. Згодна цура е, па можам и на Хамлет да му завидувам, иако сигурно позади кулиси е многу среден и спастрен тип, што знае што сака од животот, знае какво пиво нарачува во кафана и во секој момент има на оптег еден државен и еден службен телефон. Сигурно таа реплика да се биде или не, го прогонува во соништата, во кои неговата стабилна личност се бори со демонот на изборот! Јас да имав избор, немаше воопшто да се двоумам, веднаш ќе ги потрошев овие 13 денари. Ионака само ми ѕвечкаат по џепов. Тоа би била добра цена за некоја џепна книга.. која и онака не вреди петпари. (Го нема Годо, го нема Орасио Оливеира, ја нема Лола В. Штајн..) ..ех, ништо не е како порано. Само ситни капки дожд ми го пецкаат лицево и ми дрдорат за стабилноста на интернет конекцијата, за топлинта на домот што треба да си го купам со Стопанска Банка и за освежувачот на воздух што секоја домаќинка го посакува одпозади. Дада, секако, овозможено да и` го ставиш одпозади од Владата на Република Македонија!
И онака имам одвишок време во кое треба да се одлучам дали ќе бидам или не, можам да појдам и да протестирам пред истата таа Влада на РМ за безвредноста на нашите 13 денари. Не можам да си купам ниту картичка за автобус, не можам да си купам ниту шибица, не за шибица ми требаат 300 денари, минимум, барем толку беше на времето кога јас купував шибици. Ја нема коцка, ги нема Сако и Војдан, ги нема огромните дрва на плоштад, го нема кругот на плоштад, го нема ни плоштадот! Добро можам да ги прескокнам Сако и Војдан во протестите, ама сепак би протестирала. Сеуште имам 13 денари во џепов што ми ѕвечкаат и сеуште немам избор, каде да ги потрошам, на што да ги дадам!
Читав некаде, во оние феноменални книги за инстант промена на сите мани во доблести и на сите безвредни мисли во суво злато, дека имаш онолку колку што си дал! Па јас сум им далa сигурно на повеќе од 13 !Па сепак сеуште имам само 13 денари, и почнувам да се чувствувам навистина баксузно што таа несреќна вредност не вреди ниту едно единствено нешто. Ниту една единствена вредност на светов не се покрива со моите метални 13 денари, и тие само попусто се превртуваат во мојот џеп, потсетувајќи ме дека и да сакаат да бидат, не можат, и да сакам да ги вреднувам немам како.. попусто е да се надевам. Нема поголема безвредност од тоа да имаш 13 метални денари во себе.
Не е лесно да си Хамлет, сепак. Тука си а те нема. Имаш глас, а сепак се е веќе одлучено. Треба да дејствуваш, а сё е веќе завршено.
Некој однапред ја одреди судбината на овие 13 денари.

окт
17

Вчеравечер, Милена: кога ги слушам луѓето како се жалат, и какви се нивните проблеми, си викам: ох, не знаат тие што е болка. Знаејќи ја таа болка, сё што посакувам е човек покрај мене кој е во ред со мене, што ја прифаќа мојата душа, седнати на сонце, во некаков двор, да молчиме. Јас сум емоционален пензионер. Тие, мажите сакаат игри, а јас веќе сё имам доживеано уште во детството. Не можам да играм игри со нив. Сакам само едноставно да сме.
Преднекојавечер, Јоана: одненадеш ја здогледав како мала, ситна женичка, стисната и уплашена, спикана во ќошот на својот живот. Уплав има малата женичка. Од Него. Големиот, Отец-Патријарх што дише страшно над неа, со вцрвенети очи, збумбарени образи и громогласен глас. Тој ќе ја казни. Таа мора да биде казнета! Се обидува да ужива со други. Насмеана разговара со други. Се обидува да ужива! Секој контакт со друг е неверство! Неверство! Неверство!
Оваавечер, дует Павловски: поток од радост што извира од музика што не се заборава. Ние сакаме да ја заборавиме, ама не можеме! Тоа е поток што тече од срцето директно. Тоа не е нешто што се мисли, или нешто што се разбира. Тоа Е. Македонска музика.
Засекогаш, Учителот: додека “малиот“ човек не биде поучен како и зошто во неговото “мало“ семејство мора да биде присутно чувството на нераздвоива Едност на Јас и светот, се дотогаш болката на “малиот“ човек, на неговите “мали“ потомци и на целото човештво ќе се зголемува. Кога човекот би можел да сфати дека сета негова брига за своето значење и своите способности, само ја намалува моќта на животот и можноста навистина тој да процвета преку непосредно ИЗРАЗУВАЊЕ на истите тие способности, тогаш најпосле животот би тргнал по правилен тек.

окт
20
Мирон и месечина

Мирон и месечина

Vladar- gospodar je onaj koji ima moć, ali ne ističe to.
Ja to osjećam. On ima znanje.
Njegov svijet, caruje u miru ponoći.
Ja to vidim, On ima hrabrosti.
Borio se i osvojio, svijet znanja, mudrosti i sreće.
A na njegovom licu vidim
blagost zore kojoj se divim.

O, vladaru svjetova koje ne poznajem!
Drhtim pod tvojim pogledom koji sve vidi
Vidiš kroz mene, kroz moju dušu.
Vidiš što ja sama ne znam vidjeti. Što drugi slute, a mudri šute.
I prihvaćaš to što vidiš. A ja drhtim…
O vladaru!
Strašni su svjetovi koje ne poznajem,
Strašne su pustinje koje moram proći
Strašne su oluje koje mi dolaze po noći
Peku mi srce, pale mi oči!
K’o stijena među plamenovima gore. Sve će izgoriti,
sve što je moje bilo, nestat će!
K’o stijena neuništiva među plamenovima moje duše.
O vladaru, ti stojiš!
I čekaš me. Da dođem.
Ja to osjećam.
Dokle mogu stići?
Hoće li me pratiti obećanja milosti?
Sve je krhko, sve se lomi.
U praskozorje na koljenima se molim.
Gdje da sakrijem ono što ni sama ne znam vidjeti.
Što drugi slute, a mudri šute?

Dok ti samo prihvaćaš i stojiš.
I čekaš me. Da dođem.
U tvojoj vladavini od moćnog Duha
Na Jedinom Zakonu Ljubavi
Počivaš.

окт
27

Element_diamond_by_MPtribe

Кој е мојот елемент?
Водата го уништува Огнот, Огнот го согорува Воздухот, Воздухот го рѓосува Металот, Металот ја пробушува Земјата, Земјата ја пие Водата.
Кој мене ќе ме уништи? Која е мојата алхемија? Кој е мојот елемент?
Јас велам: Графит.
Некои велат: Јагленче.
Бог вели: Дијамант.

ное
06

f__k_tha_police_by_pacsaman-d32w5r6

Има многу јаки типки низ градов, што носат црвени високи потпетици, тенки и убиствени со 12 цм должина. Истовремено имаат широки колкови, јако притегнати во фармерки од Еко-шопинг, имаат некаква маичка што е тесна и кратка, па ги открива недостојно деловите околу стомакот и кај бубрезите кои секогаш се со сало, и секако имаат интензивно фарбано плаво коса, врзана во безвезно репче што штрчи. Неизбежни додатоци на овие девојки се некакви чантички за мобилен телефон со циркончиња од Сваровски, и се разбира ланец од бижутерија што потсетува на циганска амајлија. Од некоја непозната причина таквите девојки се сметаат себе за припаднички на поубавиот и понежниот пол. Од кога и како се случила таква девијација, тоа историски не може да биде потврдено.
Од исто такви непознати причини, овие жени и девојки ми се чини секој пат се спремни да се пресметаат со мене, сега и тука, абе одма, само затоа што ги гледам во очи. Зјаат нивните погледи, напластени со дебели слоеви евтина шминка, постара од 3 дена, одат искривено како да ќе паднат во секој момент, најчесто поради несоодветните чевли кои се евтини и крајно неудобни, најчесто на штикли или топуци кои се излижани од едната страна поради нерамните табани. Е токму тие девојки се тотално концентрирани да ми покажат дека ќе ме скршат од ќотек само ако изустам еден збор што нив не им се допаѓа, како на пример: извини, дали може да поминам? Или извинете, ми пречи димот од цигарата.
Има и такви што по некоја случајност се со мило лице на прасенце, оние со чпрто носе, дебели усни и обравчиња, па сепак се високи, стамени како карпи и имаат поглед кој дефинитивно те гледа во облик на банкнота, со светска важност, од типот на евро, долар или франак. Колку и да имаат во себе женственост во држењето или ликот со правилни црти, погледот им е толку ладно фокусиран на тоа што- колку вреди, и дали може да биде корисно за нив лично, што имаш чувство дека те гледа ласер што те сецира. Како ли е со таква жена да се дели кревет?
Се почесто гледам дека на жените им се допаѓа да бидат главни. На пример свршуваат при помислата дека се шефици на експозитура на Стопанска Банка во Драчево. Не разбирам зошто тоа е толку возбудливо? Но, тие се апсолутно занесени од таа помисла дека имаат моќ, поврзана со пари. Морничаво занесени во својата доминација, се чини способни се да ги извитоперат сите вредности на овој свет поради потребата да ја изживеат таа долго потиснувана потреба за власт.
Велиме дека живееме во ерата на слободните луѓе. Жената ги има од неодамна своите права во овој свет. Велиме дојде времето на ослободената жена. Но сепак не ми е јасно: зошто ослободената жена треба да личи на маж? Зошто слободната жена во секоја смисла слободна, како сексуално битие, како индивидуа, како човек, треба да биде слична на мажот за да може да биде задоволна од она што го постигнала во животот? Зошто на овие навидум слободни жени им се допѓа доминацијата? Моќта да одлучуваат за туѓи животи? Зошто им се допаѓа капитализмот? Зошто им се допаѓа трулежот на сиромаштијата, што без трошка сочувство го газат со своите 12 цм тенки штикли? Зошто им се допаѓа да бидат алфа женки на истиот начин на кој мажјаците се алфи во светот на убиствата, суровоста и материјализмот? Се чини, тие се уште понасилно доминантни, уште поокрутно себични. Ваквите жени ќе го испревртат светот наопаку.
Зарем нема друг начин? Што е со квалитетите на женственост? Женскост? Нежност? Убавина? Суптилност? Зошто жената не го инспирира мажот и не го заведе во светот на убавината и љубовта? Зарем не е тоа најсвета и најубавата мисија за секоја жена? Се прашувам што се случува со овие т.н ослободени жени?

ное
16

****
(според Garsija Lorka)
Тој ден, со преграб сенки на челото, тој се довлечка пред неа.
Пред 1 година се венчал за друга, само заради нејзината молба. Таа го проколнала да се откаже од љубовта кон неа.
Таа во бело. Тој очаен, на колена. Стојат пред бунар. Тој својата бурма ја врзал на камен, и сака да ја фрли во бунарот.
Ветришта однадвор ги развијориле искрите во неговите очи. Пастув налик на Бог, преслечен во руво од светец, клечи пред жената во бело.
****
Дијалогот:

- Сенката ти тежи кавалиеро.
-Ти си невернице, моја измама и мој долг.
- Никому јас не должам објаснување. Твоите долгови се само твои!
- Се оженив само од нужда. Тогаш таа беше клекната пред мене како месечева молитва на гранка, ги прелиста бакнежите од дното на трупот па се до темето, ме отсече од коренот, ме стави во ваза. Во брак сум сега. Но сеуште копнеам само по тебе! Копнеам!
- Како очите на срна да гледаат на гладен волк? Баравте од мене да ја сочувам честа на вашето поколение. Зарем сега Срната пред Волкот понижена да стои?!
- Ах, не можам да го гледам твоето чело накитено со венец од Невен. Зошто ли одиш за него?
- Како што гледаш, во бело сум. Одам за него.
- Гледам само раскош од недопрена убавина. Не можам да те заборавам.
Го гледаш прстенов? Ќе го фрлам! Ништо не ми значи! Пред една година се заветив само поради добробит на Мајка и на мојата фамилија. Но сега мислам поинаку! Ајде да побегнеме!
- Го гледаш само она што те соблазнува, ти наивен покорник на страста! Не можеш да видиш дека и за мене венецот од Невен, е само тмурен облак од присилен збор.
- Цел век те чекав. Цела вечност те преколнував да дојдеш со мене! Ти само ја изврши својта должност. Побара раката на туѓа убавина да ја слечам. Да ми роди машко дете.
Па сепак кога слушнав дека во Млада Коприна заветот го даваш, се преврте нешто во мене.
- Љубов си дојден да бараш или Смрт?
Ако е Смрт, тогаш мојот заветен венец од Невен, ќе се осуши на дрво од некоја клада. Ќе зборуваат: беше така Млада! Ако е Љубов, зарем не е прекасно? Од белина на коњ што јава да ме преместиш во Жубор од пролетна игра што ништо не решава. Само крик ќе се чуе. Само раскол ќе се открие.
- Речи љубов, ќе снеможам. Речи смрт, ќе завршам!
- Љубов! Смрт!
- Одам тогаш, да ја обљубам онаа која после тебе единствено достојно ме чека. Смртта!
- Тоа е осуда! Ти луд наимару! Си долетал на коњи од Висост, си се преслекол во Див, си тропнал на порти од Млада!!
- Дојдов! Тропнав на порти од Млада! Вистина е! Не бегам! Ама без тебе не одам!
- Ох! Тежок ли миг на вечност што се бара, од мене така млада, да одлучам да се бранам!
Но како да се бранам!?
На каменот каде беше врзана бурмата прикачи едно писмо. Го остави на работ од бунарот. Се прекачи на коњот. Замина со него на зајдисонце.
Во писмото запиша:
„И ти би отишла! Јас горев и од внатре и од надвор, но не од оној ветениот Син, кој налик на мала Вода е, од која треба да очекувам деца, земја и здравје. Овој пред мене пак, е како темна Река по која се препелкаат гранки, која ме привлекува со врбите свои, со песната своја.
Поттрчнував јас со ветениот Син како со некое детенце. Како Вода беше ладен. Додека овој пред мене ми испраќа стотици птици, кои не ми дозволуваат да стојам и ми оставаат иње по моите рани, рани на една овената жена, девојка милувана од пламен.
Не го љубам! Не го љубам! Ветениот Син кој беше моја цел, иако никогаш не го изневерив. Но снагата на овој пред мене ме влече како бран од Море, како удар од копито на Мазга, и секогаш ќе ме влече, секогаш, па макар и старица, макар и сите синови на ветениот Син би ме држеле за коса!“

Frederico Garsia Lorca

Frederico Garsia Lorca

јан
25

Почетоците
Изостануваат. Горко скопско око.
Скопје е мојот Очув. Тој ме демне,
На влезот од Домот. Кон кој се враќам.
Случувањата. Ме исцрпуваат.
Би се рекло: нема. Ниту случувања, ниту мене ме има.
Хоризонтите. Се преклопуваат, како сексуален чин.
Гризам од себе. Делчиња Верност.
Писмата. За изминатите сенки.
Влажност на воздухот. Солзливи лета.
височинка мала, ритче што се смешка
И те кани. Да му се качиш
Гласовир. Пијано лето.
Самрак што ме згази.
Исчекувањата. Се редат.

фев
02
Допри ја милоста на зборовите

Допри ја милоста на зборовите

Dodirni samilost reći.
Vežes me. Nevidljivim nitima stvaraš svijet oko meni.
Kao i svaki pravi tvorac, stvaraš svijet istine. Poklanjaš oblike velikoj viziji stvaraoca kosmosa. Bogu.
Pritisčeš me voljom. Radiš neumorno. Vodiš srce u prostorima tame. I tamo trošiš ljepotu praštanja. Gori tvoja tvornica. Usijano blago se topi u pećnice prastarog porijekla. Tanke niti srebrenog sjaja sijaju posvuda. To je mreža u koju pleteš istinitu priču. Ljubavi se služiš, kao što se neki služe zlom. Igraš se dodirima. I čekaš da se otvori portal mojih najskrivenih želja. Želje o strasnim igrama u postelju od ruža, razodjevene sijene tijelesnog užitka, tražiš opojni miris poljupca koje se rastapaju, poput magije stvaranja svega što postoji.
Horizont. Obojen purpurom otvara krik neke davne tajne niti. Postoji da bi se uplela. U veliku tvornicu tvorca poput ti. Mag svih istinitih laži.
Dodirni samilost rećenog.
Postavljaš kraj na samog početka i pritisčeš me. Uz zid. Kada bi samo mogla otvoriti svoju dušu pred pozornici starih ljubitelja drame uz katarzom. Rekla bi! Riječi dosada neizgovorenih, tajne tako dugo skrivanih, bol koja pamti samo sebe. Rijeć koja bledi stoljećima. Izviknula bi toplinu tvog pogleda, I sačuvala mijesto za pauzu. Među redovima. Kao kod dobrih ljubavnika. Stopila bi sve neznajne velićine samilosti na ruku tvoje čelične volje. Jer tvornica radi neumorno. Stvarati istinite priće je važnije za tebe od svega. Poklanjam se duboko toj zelji.